НЛО

Се спушта НЛО на Тивешкото Езеро, у близина на една викендичка.
На маса седат Трпе и Трпана, и пијат ракија. Доаѓа вонземјанинот и им вика:
– Здраво, јас сум Сигма 8.
А Трпе и вика на Трпана.
– Трпано, тури му една ракија на Сигма 8.
Вонземјанинот ја пие ракијата и пак им вика:
– Поздрав, јас сум Сигма 8.
Трпе пак на Трпана.
– Трпано, де уште една за Сигмата.
И така едно 7-8 пати се напил ракија, и едно време вика:
– Море луѓе, абе јас сум од друга планета бреее!
А Трпе:
– Трпано, не му давај веќе ракија.

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!