Трпе вчера пак не дојде на школо, зошто?– Баба ми е болна наставничке.– Секогаш кога ти не доаѓаш, твојата баба е болна. Не ти верувам.– Знам наставничке, и ние мислиме дека баба ми глуми.
Повеќе...Работа
Трпе зошто не дојде вчера на школо?– Морав да ја носам кравата кај бикот.– Зарем татко ти не можеше тоа да го направи?– Па можеше, али сепак бикот подобро ќе ја заврши работата.
Повеќе...Убава
Наставничката:– Кога викам бев убава, тоа е минато време, а кога ќе кажам убава сум, тоа е?– Лага, наставничке.
Повеќе...Издајца
Наставничката прашува:– Трпе, кој го убил Гоце Делчев?Трпе ќути, и на крај одговара:– И да знам нема да ви кажам, не сум јас издајца.
Повеќе...Реченица
Наставникот му вика на Трпе да напише една реченица:– Вчера бевме на училиште.Наставникот го прашува Цветко дали е точна реченицата на Трпе, а Цветко вика:– Не е, вчера беше недела.
Повеќе...Спиење
Наставничката веќе неколку пати закашлува и се обраќа:– Трпе, не може да се спиеш на час!– Наставничке можe, ама многу кашлате.
Повеќе...Крава
Малиот Трпе и се обраќа на наставничката:– Смее ли на наставничката да и се каже крава?– Не Трпе, не смее!– А на кравата наставничка?– Е тоа може.– Пријатно наставничке!
Повеќе...Крадец
Наставникот го прашува Трпе:– Како се вика човекот што краде од други луѓе?– Не знам!– Размисли, сега неприметно да ја ставам мојата рака во твојот џеб и да извадам пари, јас би бил?– Волшебник!
Повеќе...Херојство
Наставничката го прашува Трпе што е тоа херојство.– Херојство е кога на некој ќе го спасиш животот.– Браво Трпе, а си спасил ли на некој живот?– Да, на внук ми!– А како?– Па лесно, на сестра ми и ги скрив антибебе пилулите.
Повеќе...Одговор
Трпе се враќа среќен и се фали на татко му:– Тато, тато, јас бев единствениот што точно одговори на прашањето што го постави наставничката!– Браво сине, а кое беше прашањето?– Кој го скрши прозорот!
Повеќе...Мозок
Цветко оди да се запише на електро и вика:– Што треба да направам за да студирам овде?– Па остави го мозокот тука, ние ќе ти го приклучиме за компјутери и после 5 години дојди да си го земеш.– А што да правам за тоа време?– Па можеш да студираш на …
Повеќе...Влакно
Трпе зошто не фатиш да учиш?– Па последниот пат кога ја отворив книгата најдов влакно, знаеш колку ми се згади?
Повеќе...Каснење
Наставничката го прашува Трпе:– Зошто Трпе секој ден касниш на школо?– Затоа што пред школо има знак на кој пишува „Успори, школо“.
Повеќе...Вардар
На час по географија наставничката ги прашува учениците:– Колку е долг Вардар?– 100км. – Одговара Стефан.– 250км. – Одговара Цветко.– 7,5цм без филтер. – Одговара Трпе.
Повеќе...