Дома / Вицови / Образованиe (страна 3)

Образованиe

Стапче

Трпе се вратил од училиште порано и татко му го прашува: – Зошто си дојде толку рано? Да не избега од часови?! – Не, туку учителката ме избрка. – Што?! Зошто те избрка? – Учителката покажа со стапчето кон мене и рече дека на крајот на стапчето има идиот. И …

Повеќе...

Препишување

Малиот Трпе прави писмена и пробува да препише од другар му. Го гледа учителката: – Те гледам Трпе, сакаш да препишеш? – Вие можеби го викате препишување, ама за мене тоа е тимска работа!

Повеќе...

Испит

Разговараат двајца студенти по завршувањето на испитот: – Колку доби? – 7. – Па, нели се спремаше за 10-ка? – Абе да, ама во последен момент си велам, да си добијам јас 7-ца, па да си купам ракија со остатокот од парите…

Повеќе...

На памет

Наставникот по математика го прашува Трпе: – Трпе зошто на тестот си ја оставил оваа страна празна? А Трпе на тоа одговара: – Епа тука наставнику сметав на памет.

Повеќе...

Распродажба

На час по македонски јазик наставничката ги испрашува учениците: – Купувам, купуваш, купуваат, купуваме, купувате… Трпе, ајде ти кажи ми кое време е ова? – Време на распродажба.

Повеќе...

Ништо

Трпе го прашува синчето: – Што има ново у школо? – Ништо! – Ништо? Што само седиш и гледаш у ѕидот? – Епа таму е саатот!

Повеќе...

Учителка

Учителката на училиште го кара малиот Трпе: – Ти си срам за овој клас. Јас на твоите години веќе знаев да читам и да пишувам, а ти за ништо не си способен. А Трпе на тоа и одговара: – Гледате, Вие сте имале добра учителка.

Повеќе...

Лустер

Наставничката ги прашува учениците: -Деца што се може да ставите во уста? Децата одговараат: -Јаболка. -Сладолед. -Чоколада. Продолжуваат децата да набројуваат, па стига редот на мали Перица. Перица: Лустер, наставничке! Наставничката: – Како тоа мислиш лустер Перица? Перица: Да наставничке, вчера одам да спијам во соба и го слушам татко …

Повеќе...

Хемија

Професор по хемија, на час, им вика на студентите: – Гасот во оваа боца е смртоносен, доколку за несреќа протече боцата, какви чекори ќе превземете? – Брзи, многу брзи чекори!

Повеќе...

Фејсбук

Седел ученик на час и напишал статус на ФБ: – Сите учат, само јас на Фејсбук. По извесно време, коментар од професорот: – Ќе станеш да си го видиш кецот или да те тагнам?

Повеќе...

Математика

Наставничката по математика го прашува Трпе: – Ако татко ти месечно ти дава по 1000 денари, колку денари ќе имаш за 4 месеци? – Ниту еден! – Како ниту еден?! Па ти ич не знаеш математика! – Знам математика, ама подобро се знам себеси.

Повеќе...