Малиот Трпе му се фали на малиот Цветко:
– Види, си купив нови патики!
– Да? Колку ги зема?
– 100 евра, оргинал.
– А зошто пишува like наместо nike?
– Па од facebook ги купив.
Развод
Кујна
25 цм
Патарина
Гравитација
Пијаница
Чистота
Создавање
Кога Бог го создал магарето му рекол:
– Ќе работиш од утро до вечер и ќе го носиш најголемиот товар на грбот. Ќе јадеш трева и нема да си многу паметно. Ќе живееш 50 години.
Тогаш магарето му рекло:
– 50 години таков живот е многу. Дај ми само 30 години.
Така и се случило.
Потоа Бог го создал кучето и му рекол:
– Ти си куче и како такво ќе го чуваш имотот на човекот и ќе му бидеш најверниот пријател. Ќе ги јадеш остатоците од трпезата на човекот и ќе живееш 25 години.
Тогаш кучето му рекло:
– Господи, 25 години таков живот не се издржува. Дај ми само 15 години.
Така и се случило.
Потоа Бог го создал мајмунот и му рекол:
– Ќе скокаш од дрво на дрво и ќе се однесуваш како будала. Ќе се правиш шут и ќе живееш 20 години.
Тогаш мајмунот му рекол:
– Господи, 20 години како Шут е многу. Дај ми само 10 години.
Така и се случило.
Конечно Господ го создаде мажот и му рече:
– Ти си маж. Единственото разумно суштество кое ќе постои на земјата. Ќе го користиш разумот за да владееш над другите суштества. Ќе владееш на земјата и ќе живееш 20 години.
Тогаш мажот рекол:
Господи, да сум маж само 20 години не е доволно. Дај ми ги те молам 20-те години од кои се откажа магарето, 10-те години од кои се откажа кучето и мајмунот.
Така и се случило.
Од тогаш мажот живее 20 години како човек, а потоа се жени и работи 20 години како магаре и од утро до вечер го носи товарот на семејниот живот. Потоа создава деца и живее 10 години како куче, го пази домот и имотот, јадејќи ги остатоците од трпезата на неговото семејство. И кога ќе остари 10 години се однесува како будала и се прави мајмун за внуцитe…
Шега
Војник
Малиот Трпе решен му соопштува на татко си:
– Тато, решив! Ќе станам војник како тебе.
– Зошто така сине?
– Изгледа жените сакаат мажи во униформа.
– Синко слушај сега да ти објасни човек кој цел живот носи униформа: Тоа што носиме униформи за жените значи само дека сме научени да извршуваме наредби и да јадеме секаква храна без да се жалиме.
Ручек
Униформа
Се враќа полицаец од работа доцна вечерта, ја соблекува униформата и таман тргнува кон спалната, жена му нежно му вели:
– Злато, ако ме сакаш, оди до тобакото, купи едно шише вино да пивнеме и ќе ти покажам чудесии во спалната…
Ја облекол тој пак униформата, оди во продавницата, а продавачот го прашува:
– Комшо, абе ти да не си ја сменил работата?
– Не бе, зошто?
– Па што си ја облекол таа пожарникарска униформа?!