Трпана му вика на Трпе:
– Ај бе однеси ме некогаш на циркус!
– Зошто? Кој сака да те гледа нека дојде кај нас.
Избори
МАКЕДОНИЈА последни избори:
На избирачко место доаѓа средновечен човек да гласа. Како што е редот дава документ за идентификација зема ливче, гласа, го става во кутија.
Прашува кој е претседател на Комисија на тоа избирачко место. Се јавува еден господин:
– Јас сум претседател !
– Ќе може ли да ми дадете еден стол да седнам до врата.
– Може, вика претседателот и му даваат стол.
Човекот седнува на стол и така поминуваат триесетина минути, членовите на комисијата се погледнуваат во очи и се чудат. Гледајќи ја ситуацијата, претседателот го прашува:
– Како сте, сеуште ли ви е лошо?
– Подобро никогаш и не ми било, многу се радувам за оваа средба.
– За каква средба, не ве разбирам?!
– Па чекам да дојде таткоми да гласа.
– Требало заедно да дојдете , стар човек е сигурно а и тука не е место да се чекате.
– Точно господине во право сте, стар човек беше, ама одамна е починат.
– Мислам се шегувате, како може починал а да гласа?
– Па како можеше на претходните избори да гласа, а јас да не го видам? Денес сигурно ќе гласа во 19 часот.
Килограми
Читање
Цветко оди на доктор и се жали дека имал нешто на челото.
Докторот:
– Кур е синко.
– Како бе докторе вие се шалите со мене.
– Синко, оди дома читај и не мисли на тоа.
По еден месец се враќа, а курот поголем станал.
Докторот пак:
– Оди читај и не мисли на тоа.
По еден месец пак се враќа.
Докторот:
– Абе оди читај и не мисли на тоа.
Цветко:
– Ама докторе, веќе читав два месеци.
Докторот:
– Абе ти кажувам да читаш затоа што кога ќе то пораснат јајца нема да можеш да читаш.
Врска
Казна
Мексико сити
Муабет
Додворувачи
Преобразба
Останување
Ракија
Цветко му се јавува на Трпе и му вика:
– Абе со две женски сум на Водно доаѓај одма, те чекам кај втората платформа.
– Добро, добро доаѓам одма, чекај ме.
И се среќаваат горе и Трпе го гледа Цветко се вртка сам наоколу.
– И кај се сега?
– Ене ги во колата.
– А убави ли се?
– Па напиј се малце ракија и убави се тогаш.
Иде Трпе да ги види и гледа и се враќа кај Цветко:
– Ти будала да не си бе? Па кај можам јас толку ракија да испијам.