Човек кој пелтечи кон свој пријател:
– Ббббрат, ззззаббборрррави ја тттаа ккккучччка, ннне те зззассслужжжува она тттебе!
– Да бе, лесно ти е тебе да кажеш!
Спонзоруши
Убави места
Седеле Трпе, Цветко и Стојко во кафана и паднало муабет за бабите (тештите).
Цветко:
– Бабата кога почина ја закопаме под еден стогодишен даб, многу убаво место.
Стојко:
– И јас и најдов убаво место на бабата кога почина, под еден орев, сенка дебела.
Трпе го вади телефонот и ѕвони:
– Ало, бабо, што правиш?
– Еве зете, си гледам Турски серии.
– Гледај, гледај, само да знаеш дека додека ти си гледаш серии, луѓето си ги фатиле убавите места!
Среќен
Исповед
Политичар отишол на исповед. Попот го прашува:
– Каков грев имаш, чедо?
– Много сум алчен, оче!
– Тоа е голем грев! Треба да се избавиш од него!
– А како да го направам тоа?
– За почеток, сега кога ќе излезеш од црква дај 20 евре на првиот кој што ќе го сретнеш.
– Да му дадам 20 евра?!! Туку така да му дадам!!!
– Да, чедо, од некаде мора да се почне!
Политичарот се согласил. Излегува од црквата – околу никој нема.
Мрднал малку на страна – гледа проститутка. Нема друго – таа е првата што ја сретнал.
И’ се приближува и и’ дава 20 евра, а таа одговара:
– Тоа е малку! 50 дај!
– Како 50? Попот рече дека 20 е доста!
– Е, попот, попот! Ама попот е редовен клиент!
Топло
Пасворд
Цветко го прашува Трпе:
– Зошто си толку изнервиран?
– Соседите ме полудуваат. До сега трпев се – ремонт на колата во 6 наутро, трчање на мали деца, крцкање на креветот ноќно време, кавгите и скандалите, гласните разговори на телефон, забавите, но сега сосема претераа!
– Што направија?
– Си ставија пасворд на wi-fi-то!
Скопје 2070
1 септември 2070 година. Прв училишен ден во едно Скопско училиште.
– Мустафа Ел Ек Зери?
– Тука!
– Ахмед Ел Кахир?
– Тука!
– Кадир Сел Олми?
– Тука!
– Мехмед Ѓулбен?
– Тука!
– Фадира Захри?
– Тука!
– Мих Аилма Нев?
Никој не одговара.
– Прашав Мих Аилма Нев?
– Учителке можи да сум јас, ама јас сум Михаил Манев.
Виц на годината (2016)
Пат околу светот
Расправија
Трпе и Трпана се расправаат кој да го земи детето од училиште.
Трпе:
– Ти подарив ли крзнена бунда лани за роденден?
– Да, ми подари.
– А кожени зимски чизми за роденденот оваа година, ти подарив нели?
– Да, и тоа ми подари.
– Е па затоа жено ти оди да го земеш детето од школо.
– А зошто ти не одиш?
– Со шо бе жено, со чорапи и пена за бричење?