Холовиц
19/01/2016
Разно
9,848
Се среќаваат двајца пензионери. Едниот носи леб. Другиот го прашува:
– Тврд ли е?
– Не е.
Другиот го чепка лебот и вели:
– Како не е!
– Од каде да знам за што ме прашуваш.
Холовиц
17/01/2016
Виц на денот, Образованиe
6,133
На родителска средба:
– Господине Трпе, вашиот син многу лошо мириса, бањајте го почесто!
– А бе, јас го праќам да го учите, а не да го мирисате!
Холовиц
16/01/2016
Виц на денот, Разно
4,792
Бабата му вели на внучето:
– Чедо, на оваа новата вага, каде ми ги пишува килограмите?
– Бабо, слегувај веднаш од таблетот!
Тино
15/01/2016
Личности
3,574
– Трпе, убава ли сум вака нашминкана?
– Трпане, тебе не ти требе шминка за да бидиш убава!
– Ооо, Трпе колку си мил!
– Тебе ти требе пластична операција!
Васко
14/01/2016
Виц на денот, Личности
7,703
Синот го прашува таткото:
– Тате, нели вештерките ги има само во приказните?
Таткото погледнува кон кујната:
– Едно време и јас така мислев…
Холовиц
13/01/2016
Виц на денот, Разно
5,408
Ноќ. Двајца заљубени седат на клупа во паркот. Дечкото:
– Еј, гледај срце, ѕвезда шо паѓа, посакај нешто!
– Сакам да се омажам за тебе!
– Ааа, не била ѕвезда бе, авион бил.
Коте Пратикучи
12/01/2016
Виц на денот, Личности
8,532
Влегува Цветко во продавница, си купува цигари, ги отвара и пали една.
Продавачот му вика:
– Извинете господине, тука не се пуши!
– Е како продавате цигари, а не се пуши?
– Епа, ние и тоалетна хартија продаваме…
Холовиц
11/01/2016
Виц на денот, Личности
18,315
Во радио емисија во живо:
– Здраво, јас сум Трпана и сакам на мојот шеф Цветко да му посакам за нова година дедо мраз да му донесе една торба со презервативи.
Водителката:
– Сигурно му посакувате многу секс во новата година?
– Не, сакам такви идиоти да не се размножуваат повеќе!
АИППБТ
10/01/2016
Виц на денот, Животни
27,505
Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето. Петелот вели:
– Доста ми е од се`. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема… нема зошто да седам повеќе јас овде.
Мачорот:
– И мене ми е доста од се. Газдите ја продадоа кравата, ни млеко има ни сирење. Ни за мене нема живот повеќе овде. И јас утре си го фаќам патот.
Кучето ги гледа и срамежливо вели:
– Јас ќе останам уште една недела…
– Зошто? – прашуваат мачорот и петелот.
– Па вчера ја служнав газдарицата како му вели на газдата: „Ако и следнава недела не донесеш плата, ќе му го лапаме на Шарко“. Е па јас си велам да почекам.
АИППБТ
09/01/2016
Виц на денот, Разно
31,920
Позади МТВ проститутките се наредиле и чекаат клиенти. Доаѓа еден дечко со фиќо и ги прашува:
– Има ли некоја која се согласува да имаме секс на прилепски начин?
Сите се погледнуваат, никоја не знае каков е тој секс на прилепски начин. Една од новите и неискусни проститутки се согласува. Отишла со муштеријата.
Следниот ден пак доаѓа на работа позади МТВ. Другите проститутки љубопитно ја прашуваат:
– Како помина вчера? Каков е тој секс на прилепски начин?
– Па видете, во општи црти се е исто, само што ќе ми плати кога ќе ги земи парите од тутунот.
Ивана
08/01/2016
Разно
14,291
Двајца Македонци просат во Европа.
Едниот му се жали на другиот:
– Добро, не ми е јасно зошто тебе повеќе пари ти оставаат и на крајот собираш многу повеќе од мене.
– Дај да видам што ти пишува на картонот?
– Еве: „Болен сум, невработен, татко на три деца, ве молам помогнете”.
– Е тука ти е грешката, јас просам со натпис „Ми фалат уште 50 € за да се вратам во Македонија“.
АИППБТ
08/01/2016
Виц на денот, Еротски
11,254
Трпе и Трпана занесени заборавиле да земат презерватив, па Трпе гол истрчал до тоалетот по презерватив, кога во ходникот го сретнал малиот син.
– Тато што правиш?
– Ништо сине, ја бркам мачката.
– Аман бе тато колку си перверзен, мама не ти е доволна?
Dimitarc
06/01/2016
Личности
4,813
Малиот Трпе вика на мајка му:
– Мамоо елката горииии!
– Не се вика гори сине, се вика елката свети.
– Епа добро тогаш и завесите ти светат да знаеш.
Stojko
06/01/2016
Виц на денот, Личности
14,098
Влегува Трпе пијан дома и со раката шара по зидот за да го најде прекидачот. Трпана од креветот:
– На лево, малку десно, сега горе, подолу, подолу…
Од другата соба се јавуе мајка и:
– Ќере, не го мачи човекот, фани го со рака.