Stojko
06/01/2016
Виц на денот, Личности
14,101
Влегува Трпе пијан дома и со раката шара по зидот за да го најде прекидачот. Трпана од креветот:
– На лево, малку десно, сега горе, подолу, подолу…
Од другата соба се јавуе мајка и:
– Ќере, не го мачи човекот, фани го со рака.
Valentino Tino Daov
05/01/2016
Полицајски
16,785
Едно дете играло со гомно и минува полицаец и го прашува:
– Што правиш бе?
– Правам полицаец од гомно.
Ќотек, ќотек…
Наредио ден пак исто:
Ќотек, ќотек…
Третиот ден полицаецот го прашува:
– Пак ли правиш полицаец од гомно?
– Не бе чиче, од секое гомно не бидува полицаец.
АИППБТ
05/01/2016
Виц на денот, Разно
20,444
Во некое село некој богат свекор болен во постела, а трите снаи стојат околу него и го гледаат. Што и да побарал тие веднаш му носеле.
– Месо, сакам месо !! – извикал свекорот.
– Пржено, печено, шунка, пршута…? – прашала првата снаа.
– Пршута – рекол свекорот и снаата веднаш му донела.
– Вода !!
– Веднаш – рекла втората снаа и тргнала да му донесе свежа вода.
– Јајцата, јајцата!
– Пржени или варени? – прашала третата снаа.
– А бе, почешај ми ги…
Цветко
04/01/2016
Виц на денот, Личности
3,422
Докторот му вика на Цветко:
– Ви го извадив забот што ве болеше. Не треба да јадете во наредните два часа.
– Докторе, со овие твои цени, нема да јадам наредните два месеци.
Leo od Lisice
04/01/2016
Личности
5,500
Трпе се враќа од службено патување и вечерта прави бурен секс со Трпана. Соседите почнуваат да тропаат по парното:
– Еее, пет дена не ли ви здосади бе?!?!
Трпе
30/12/2015
Глупи
3,505
Како се вика синот на алхоколичар?
– Синалко!
Leo od Lisice
30/12/2015
Виц на денот, Личности
17,540
Трпана му се јавува на Трпе:
– Здраво, драги! Што правиш?
– Си пуштив филм.
– Пак ли некоја мрсотија?!
– Не… мелодрама… германска… за сиромашна девојка на кое во бањата и се расипува тушот и доаѓаат да и помогнат тројца водоводџии.
Љубе
23/12/2015
Плавуши
6,172
Прашуваат плавуша:
– Кој е поважен за вас, мажот или љубовникот?
– Мажот! Без него не можам да си го замислам животот со љубовникот.
Тт
23/12/2015
Виц на денот, Разно
10,402
За време на погреб се слуша тропање од ковчегот.
– Жено, отвори, јас сум жив!!!
– Доста бе, ќути. Докторите знаат подобро од тебе.
Љупчо
22/12/2015
Личности
5,303
Трпе и Цветко одлучиле да се пријават во морнарица. Офицерот на регрутација ги прашува:
– Знаете ли да пливате?
Трпе му се врти на Цветко и му вика:
– Што ти реков, овие ни бродови немаат!
Ивона
21/12/2015
Разно
8,596
Се јавуваш на другар:
– Ај на кафе!
– Ај за 15 минути.
Се јавуваш на девојка:
– Ај на кафе!
– Ај само да се спремам, во Среда во 9 таму.
Холовиц
21/12/2015
Виц на денот, Плавуши
8,041
Доктор ja прашува пациентката – плавуша:
– Со колку мажи сте имале сексуални односи во последно време?
– Петмина.
– Па, не е многу.
– Да бе да, тапа викенд.
Љубе
20/12/2015
Виц на денот, Еротски
31,849
Трпе се јавува на брза помош:
– Ало, ми треба помош!
– Што е проблемот?
– Пиев вијагра и ерекцијата ми трае веќе повеќе од 4 часа.
– И што?
– Па во упатството е напишано дека ако ерекцијата трае повеќе од 4 часа, треба да се јавите на доктор!
– Добро, сега ќе ви испратиме амбулантно возило.
– А и друго сакам да ви кажам!
– Кажете?
– Може ли, наместо доктор, да испратите медицинска сестра? Ако може и две, уште подобро…
Љ
19/12/2015
Виц на денот, Личности
7,770
Влегува Цветко во кафана, двете раце му се во гипс, и му вика на шанкерот:
– Може ли да ми го извадите новчаникот, да си платам едно пиво?
– Да, да, секако.
– А може ли да ми ставите во чашата, и да ми ја подадите да се напијам?
– Да, да, нема проблем.
После 2-3 пива:
– А каде имате тука WC.
– WC?? Подолу на 50 метри е автобуската, таму има WC.