Дома / Вицови (страна 104)

Вицови

Живеалиште

Го затвориле Рамче во полиција и го прашуваат:
– Како се викаш?
– Рамче.
– Каде живееш?
– Пролетерска 10.
– Не лажи бе! (следува ќотек)
На вториот ден:
– Како се викаш?
– Рамче, бе бате.
– Каде живееш?
– На пролетерска 10, бе бате.
– А бе, зошто лажиш! (пак ќотек)
На третиот ден се повторува истото и го пуштат да си оди.
Се прибира дома, и пред врата го чека Ајшето и му вика:
– Ах мој Рамче, оди криј се каде знаиш, три дена идат полицајци и питуат “тука ли живее Рамче”, а јас ги лажам “нема таков човек тука.”

Банкарски бонтон

Влегува Трпе во банката и ја прашува службеничката:
– Може ли да внесам ебани долари во скапанава банка?
– Господине, ве молам држете се воспитано… во банка сте.
– Што ми е гајле ма… сакам да внесам еден ебан влог во скапанава банка.
– Не може така господине… ќе го викнам директорот.
После 5 мин…
– Што е проблемот тука? Колешката ми рече дека не знаете како да се однесувате во банката? Да го викнам ли обезбедување?
– Нема потреба… освоив некои 10 ебани милиони долари од лотарија и сакам да ги внесам во скапанава банка.
– И што? Оваа глупава гуска не сака да ве услужи ли?

Ta-Daam

Му вика камелеон на куче:
– Еј сакаш да ти покажам нешто јако ?
Кучето одговара:
– Ајде бе покажи.
Камелеонот ја менува бојата во црвена од зелена и вика
– Та-даам
И кучето вика:
– И шо напрај сеа?

Фризер

Работел некој фризер во некој град во САД. Еден ден кај него дошол некој цвеќар да се потстрижува, кога фризерот го потсрижил, цвеќарот го прашал колку треба да плати.
Фризерот му одговорил дека тој работи од хоби и дека не може да му земе пари…
Цвеќарот си заминал среќен.
Утредента кога фризерот дошол на работа на прагот нашол прекрасен букет цвеќе.
Другиот ден кај фризерот дошол еден пекар, откако го пострижиле тој прашал колку треба да плати, a фризерот одговорил дека работи од хоби и не сака пари.
И пекарот заминал среќен.
Утредента фризерот на прагот нашол прекрасна торта.
Третиот ден доаѓа во фризерницата еден Македонец, откако го пострижиле и тој прашал колку треба да плати, фризерот повторно одговорил дека работи од хоби и дека не треба да плаќа.
Македонецот сиот среќен заминува.
Утредента што нашол фризерот пред неговата врата…?
Што?
Имате ли идеја…
Размислувајте како Македонец…
Нашол 20 Македонци кои чекале ред за да се пострижат!

Градежна фирма

Иде Трпе на доктор и му вика на докторот:
– Докторе имам камења во желудникот, имам песок во бубрезите што да правам?
Докторот насмеано му вика:
– Ти пријателе треба да си отвориш градежна фирма.

Туѓи грешки

Влегува Трпе во црква и го прашува попот:
– Попе, смее ли човек да се збогати на туѓи грешки?
– Никако Трпе, тоа е грев.
– Епа тогаш врати ми ги 100те евра што ми ги зема за венчавката.

Женски гаки

Влегува Трпана во спална и гледа женски гаки,и го прашува Трпе:
– Трпе од кај овие женски гаки?
А Трпе и одговара:
– Вчера ми ги даде комшијата си ги заборавила кај него.

Македонци што глумат Срби

Македонци што глумат Срби:
-Уџите молим вас. – Ааа ма ми ни смо за уџиџавање.
– Звачу полиције! – Звај, звај!
– Пошто су вам пуканака?
– Јесте се сместили? – Смо се, смо се.
– Од дакле сте? – Ми нисмо од тукле.
– Јесте шетали око пазарчета?
– Доџи! – Не доџувам.
– Од што су ме стезале чевле, пало ми е неарно.
– Колико година има ваш син? – Пола осам.
– На штанд за сладолед – Колико топанака хочете?
– Ево готвим манџу у кујну у велику тенџеру.
– Из дакле се зовеш?
– Македонец незадоволен од собата во хотелот кај што бил сместен, оди на рецепција: „Извините, али нешто није у реду са собом. – Па шта да ти ми радимо?“
– Кад сте стигли? Анџак смо стигли.
– Где је мали лопов? – Ено га избегао је.
– Па кад ме је један кучак лавнуо, сав сам се испрепадао.
– Србинка на пазар во Охрид: Шта вам је ово? Охриѓанка: Губи (Јуфки) се. Србинка: Зашто да се губим лепо сам питала шта је ово?
– Конобар! Може две ракије и једну салату од зељку?
– Ово је моја мама, а ово је мој оцат.
– Пази цапнучеш у виру.
– Од које фамилије потечујеш?
– За мене једну питу са сиренцетом.
– Ишла сам, ишла сам и кад сам шланула у блатото, сва сам се избербатила, и остаде ми штиклата.
Го шетaлa некојa бaбичкa внукот нa пристaниште и нaишол некоj Србин и ѝ викa: jao бaкице што је лепa Вaшa цурицa; и бaбaвa: ниjе цурицa ЦУР jе.
– Поздравите маму вам вашу.
– Где станујеш ти? – Па стануем околу 7, 8 сабајле.
– Полицаец во Србија запира Македонци за непрописно поминување преку улица, а тие се бранат: „Сви су преминули, па и ми“.

Разбојници

Влагаат разбојници во автобус и викаат:
– Сега ќе ви ги ограбиме жените и ќе ги силуваме мажите!
Еден маж загрижено прашува:
– Да не сте се збуниле, да не е обратно?!
Веднаш од позадина на автобусот се јавува маж со пискав глас:
– Ма ајде не се занесувај ти ќе ги учиш како да ограбуваат автобус!

Англиски

Знаеш англиски?
– Знам.
Како се вика отворен?
– open.
A затворен?
– poklopen.