ТТ
22/03/2015
Виц на денот, Личности
2,401
Трпе и вика на Трпана:
– Стави едно кафе!
– Па, не сум купила.
– Па нес стави тогаш.
Анета Б
18/03/2015
Виц на денот, Личности
2,166
Другарите го прашуваат Трпе како му е во брак.
– Лошо, мислев дека Трпана ќе готви како мајка ми, а испадна дека пие како татко ми!
Вања
17/03/2015
Виц на денот, Личности
2,591
После првата брачна ноќ Трпана му вели на Трпе.
– Да знаеш не ги исполни моите очекувања.
– Е што можам, ти реков дека ќе ја исполнам празнината во твојот живот, од кај да знам дека толку е голема!
Нини
16/03/2015
Виц на денот, Личности
2,881
Трпана му вика на Трпе.
– Знаеш, решив да земам антибеби пилули.
– Па да ти кажам како изгледаш, и боље да не се размножуваш!
Горан Михајловски
15/03/2015
Виц на денот, Политички
4,310
Зошто досега не е објавен ниту еден прислушкуван разговор од претседателот Ѓорѓе Иванов?
– Затоа што неговиот мобилен телефон нема микрофон, само слушалка.
Холовиц
14/03/2015
Виц на денот, Плавуши
4,453
Разговараат две плавуши:
– Дали разбра, нашиот оџачар го прегазил автомобил?!
– Леле, страшно, повеќе ни на покрив не сме безбедни!
Тонисек
13/03/2015
Личности
20,003
Трпе бил чувар во винарска визба и бил откриен од контролата дека му фалат 300 литри вино:
– Епа Трпе, кажувај каде е виното?
– Го испив.
– Сите 300 литри?
– Неее, испив околу сто литри и уште толку однесов дома.
– Ама останале уште сто литри?
– Тие ги продадов.
– И… каде се сега парите од продажбата?
– Ма кои пари, се запивме со другарите у кафана.
Vinc3
13/03/2015
Разно
8,279
Што прават Македонците после добар секс?
– 5% ќе се свртат на другата страна и ќе си заспијат.
– 5% ќе запалат цигара!
– 10% одат до фрижидер по пиво.
– 80% ќе се облечат и си одат дома!
Рики
12/03/2015
Виц на денот, Разно
20,609
Доаѓа проститутка на гинеколог.
– Добар ден, колега!
– Е од кај сега ние колеги!?
– Па нели заработуваме на иста работа!
Тонка
12/03/2015
Разно
1,622
Секретарката му вели на шефот:
– Господине, знам дека се плашите од индустриска шпионажа, но тоа не е оправдување секој ден по три пати дневно да ми sиркате под здолништето барајќи скриена камера!!!
Холовиц
11/03/2015
Виц на денот, Личности
11,604
Отишла Трпана на лекар:
– Докторе, имам проблем. Ептен испуштам гасови. Уствари тоа и не е толку голем проблем, затоа што гасовите не смрдат и се бесшумни, само што многу зачестија. Еве и сега, додека разговарам со вас, можда дваесет пати испуштив гасови, а вие ништо не приметивте.
– Аха, земете ги овие апчиња и дојдете на контрола за една недела.
По една недела еве ти ја пак Трпана, ептен налутена:
– Докторе, нешто се случи со моите гасови откако почнав да ги пијам апчињата. Уште се бесшумни и многу чести, само што сега почнаа ептен да смрдат.
– Добро, синусите ги излечивме, а сега да видиме што може да направиме и со вашиот слух.
Сашко
10/03/2015
Разно
6,127
Доаѓа докторот во визита кај Трпе, кој лежи штотуку опериран, без заби:
– Доктове, да не факаф лефници?
И овој си земал, и додека го читал болничкиот картон и си грицкал од лешниците, му паднало чудно што ќе му се лешници на човеков без заби.
– Абе Трпе, може не е моја работа, ама дај кажи им на тие што ти доаѓаат во посета нека ти донесат нешто помеко за јадење.
– Ма доктове, тие мене ми донефоа фоколадо со лефници!
ТТ
10/03/2015
Виц на денот, Личности
15,322
Трпе:
– Тато, запознај се со мојата девојка, Трпана.
А таткото:
– Можеш ти многу, многу подобро, не е за тебе.
Трпе:
– Тато, те молам не збори така пред нејзе!
– Не ти зборам тебе бе! На Трпана и зборам.
ТТ
09/03/2015
Личности
2,349
Цветко забегал во некое село и прашува некоја бабичка:
– Извинете, има ли во селово некоја туристичка атракција?
– Имаше синко, ама се омажи лани.