Дома / Вицови (страна 109)

Вицови

Битолски изрази

Литературен јазик: Каде ќе одиме?
Битолски: Кај ќојме бе?
Литературен: Ќе одам да јадам.
Битолски: Ќом да јам.
Литературен јазик: Како да не!
Битолски: Абе шооо!
Литературен јазик: Навистина ли?
Битолски: Озбилно?
Литературен јазик: Гледај ме сега!
Битолски: Брат, глеј ме сеа!
Литературен јазик: Колку е часот?
Битолски: Колку е сато бе?
Литературен јазик: Проговори нешто!
Битолски: Дај бе зуцни нешто шо си таков сеа!
Литературен јазик: Колку години имаш?
Битоски: Колкав си ти бе?
Литературен јазик: Не ти верувам!
Битолски: Е да бе!

Чоколадо за дедо

Две внучиња се договараат што да му купат на дедо им за роденден:
– Да му купиме чоколадо.
– А зошто? Па тој нема заби, нема да може да го изеде.
– Па токму затоа, ќе ни го даде нам и ние ќе го изедеме.

Бикини

16 годишната Ана купила бикини. За да се пофали и ги покажува на мајка и, а таа и вели:
– Ако на твои години јас облечев такво нешто, сега ти ќерко ќе беше 10 години постара.

Паметен

Момчето оди кај таткото на девојката за да ја побара за жена.
– Господине, сакам да се оженам со вашата ќерка.
– Нема шанси млад господине. Па ти немаш ни скршена пара.
– Вистина, пари немам, но многу сум паметен.
– И дека си паметен не ти верувам.
– Зошто?
– Затоа што сакаш да се ожениш со ќерка ми.

Упатство

Влегува човек во продавница.
– Добар ден, ве молам една конзерва ананас.
– Повелете.
– А се извинувам, може да ми кажете како се отвора?
– Господине, внатре имате упатство.

Телефон

Си зборуваат двајца наркомани:
– Еј, вчера се сретнав со страшна женска. Си поразговаравме и и го земав нејзиниот телефон …
– Па многу убаво.
Утредента тој пак раскажува:
– Ау, со друга добра женска се сретнав и на неа и го земав телефонот….
И така неколку дена, додека другиот не издржал и рекол:
– Зошто ти се толку телефони бе, земи барем еден телевизор.

Има ли некој

Шефот на полицајците оди порано во полицијата и на влез го прашува дежурниот:
– Има ли некој во зградата?
– Има.
– Кој?
– Јас.
– Не бе, идиот! Прашувам, има ли некој друг освен тебе!
– Да.
– Кој?
– Вие.

Гевѓелиски Изрази

Литературно – Здраво како си?
Гевѓелиски – Здраво как си бе?
Литературно – Не се согласувам со тебе
Гевѓелиски – Не са сљажум со тебе
Литературно – Падна по скалите
Гевѓелиски – Са истури по скаљте
Литературно – Браво
Гевѓелиски – Чистито нек тее
Литературно – Се шегуваш со мене?
Гевѓелиски -Са зајбавиш су мене?
Литературно – Не претерувај!
Гевѓелиски – Не ми диги нервите!
Литературно – Госпоѓо/госпоѓице
Гевѓелиски – МУРИ/МА.

Компромис

Разговараат двајца службеници:
– Денес му поставив ултиматум на шефот: „Или ќе ми ја зголемиш платата, или ќе ја напуштам фирмата“.
– И, како заврши разговорот?
– Постигнавме компромис. Ниту тој ми ја зголеми платата, ниту јас ја напуштив фирмата.