q1k
18/12/2014
Разно
5,951
Брачна двојка добила по пошта две карти за опера, со ливче на кое пишувало:
“Погодете кој ви го праќа ова!”
Сопружниците мозгале кој би можел да биде испраќачот на билетите, и тоа за најдобрите места, но не можеле да насетат кој би бил толку љубезен.
Сеедно, заминале на опера и сјајно си поминале.
Враќајќи се дома, за несреќа, го затекнале станот целиот во неред, темелно опљачкан. На комодата нашле ливче на кое пишувало: “Сега знаете.”
Јасмина Добревска
16/12/2014
Црн хумор
3,293
– Еј келнер, имаш шеќер?
– Да.
– Лошооо, баба ми умре од тоа.
Dario
16/12/2014
Виц на денот, Личности
6,758
Трпе му вика на Цветко:
– Горд сум на мојата девојка.
– Зошто?
– Затоа што вчера беше толку пијана што не беше во можност да ме препознае.
– Па зошто си горд поради тоа?
– Затоа што кога намислив да ја бакнам, ме оттурна и ми кажа:
– Не, стој, јас имам момче!
Аљоша Иваноски
15/12/2014
Разно
11,913
Кога се купува нова кола, секој има прашања.
Таткото:
– Колку троши?
Мајката:
– Дали навлаките ќе се совпаднат со костумчето?
Синот:
– Дали оди 200 км/ч?
Комшиите:
– Од каде пари за нова кола?
Тонка
15/12/2014
Виц на денот, Личности
16,282
Трпе го прашува Цветко:
– Каде за Нова година?
– Дома, фамилијарно.
– Да, да, дома најубаво си е.
– А ти, каде?
– Во Дубаи, 2 недели, се вклучено.
ТТ
15/12/2014
Личности
15,284
Трпе д’ткал и решил да отиде на доктор за да си го реши проблемот:
– Ддддоооктореее, мммммоожетттте ли ддда ммми гго средддиттте гггласссот?
– Се разбира дека можам, но ќе морам да ви скратам 6цм од вашиот пенис.
Трпе се враќа дома среќен и и вика на Трпана:
– Трпанооо, не д’ткам повеќе!!!
– Супер, ајде да прославиме во кревет!
– Ама, Трпано, докторот ми го скрати 6цм…
– Молам? 6цм? Ако не ги вратиш, не се враќај дома.
И така Трпе отишол назад кај докторот и му вика:
– Докторе, ќе можете ли да ми ги вратите 6те сантиметри назад?
– Ннннееммммааа дддда ммммооожжжеее, Тттрррррпппее.
Vicoteka.mk
13/12/2014
Виц на годината, Си биле...
9,805
Во еден бар биле тројца инженери, едниот Македонец, другиот Германец и третиот Американец. Приоѓа Македонецот и им вика:
– Добар ден, што ќе се напиете!?
Виц на годината (2014)
Бубе
13/12/2014
Виц на денот, Личности
3,085
Трпе се дере на синот:
– Што направи со колата бе сине!?
– Несакајќи беше тато.
– Па и ти беше не сакајќи, па пак убаво те чував.
Holovic
02/12/2014
Полицајски
7,747
Двајца полицајци се шетаат по еден мост.
– Знаеш дека вчера од овој мост се фрли една жена.
– Од меланхолија ли?
– Не, велат била од битолските села.
ТТ
28/11/2014
Виц на денот, Плавуши
6,514
Влегува плавуша во аптека:
– Здраво, еден диазепам.
– Рецепт имате?
– Да имав рецепт сама ќе си го направев.
Nikola
27/11/2014
Личности
7,109
Таа: Каде си?
Тој: Види на Fасеbооk.
Таа: Што јадеш?
Тој: Види на Instagrаm.
Таа: Што правиш?
Тој: Види на Twittеr
Таа: Добро, можам ли јас да те прашам нешто?!
Тој: Прашај ме на Аsk.
mafijashka
27/11/2014
Разно
19,528
Двајца патуваат во авион од Мајами за Њујорк:
– Јас сум психолог.
– Јас пак сум крупен мафијаш… Ај да те видам што за психолог си? Пробај да погодиш што мислам! За секоја мисла што ќе ја погодиш, ќе ти давам по сто долари.
– Ама јас сум психолог, не сум гатачка!
– Абе се работи за сто долари, пробај!
– Па, се враќаш од море. Значи сега се сеќаваш колку убаво ти било.
– Браво! Точно! Еве ти стотка.
– Штом ти било убаво, тогаш си бил со жена. И сега мислиш на неа.
– Токму така! Еве ти уште една стотка.
– Покрај тоа, не ти се сака да се вратиш дома.
– Правилно, еве ти уште сто долари…
– Штом не ти се враќа, сигурно си оженет. А штом си мафијаш, сигурно мислиш дека нема да е лошо да убиеш жена ти и да останеш со другата.
– Аха! Еве ти илјадарка!
– Ама зошто илјада? Нели требаше да даваш по сто на мисла?
– Ова не е мисла, туку идеjа!
АИППБТ
27/11/2014
Виц на денот, Разно
12,108
Оди млад човек во матично:
– Можe да закажам венчавка за во вторник?
– Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?
– Е па за да не си го расипам викендот.
Zivko
09/11/2014
Навреди
1,803
Толку е дебела што кога ја даваат на канал 5 ја има малку и на сител.