Разговор меѓу двајца бруцоши:
– На кој факултет се запиша?
– Ветеринарен, а ти?
– Јас медицински.
– Одлично, кога ќе завршиме ќе се лекуваме меѓусебно.
Кумановски изрази
Литературно-Здраво како си?
Кумановки-Куде си бе друљо?
Литературно-Не се согласувам со тебе
Кумановски-Шо сереш
Литературно-Падна по скалите
Кумановски-Аууу абе еба си гу матер на ногу
Литературно-Браво
Кумановски-Такој треба бе нешто паметно да направиш
Литературно-Се шегуваш со мене?
Кумановски-Ке ти гу ебу мајку не заебај!
Литературно-Не претерувај!
Кумановски-Не филозофирај!
Литературно-Госпоѓо/госпоѓице
Кумановски-МОРИ/МА!
Земјотрес
Во некој град се случил катастрофален земјотрес. Веднаш дошле спасувачки екипи, и спасителите барале преживеани под урнатините. По некое време барање, спасителите под урнатините на една зграда нашле еден човек седнат на ве-це шолја кој непрекинато се смее.
– Зошто се смееш? Како можеш да се смееш на ваква катастрофа?
– Како да не се смеам? Го тргнав синџирчето од казанчето за да пуштам вода и се сруши зградата.
Како се викаш?
Прилепски изрази
Литературно: Здраво, како си?
Прилепски: Кај си бе пичлеме?
Литературно: Колку луѓе сте?
Прилепски: Колцина сте?
Литературно: Не се согласувам со тебе.
Прилепски: Шо т’ебам.
Литературно: Падна по скалите.
Прилепски: С’иба пичката.
Литературно: Те следи среќа.
Прилепски: На газо бело влакно имаш.
Литературно: Браво!
Прилепски: Да с’ибиш беснио!
Литературно: Не претерувај.
Прилепски: Мајка ти машка да не е?
Литературно: Не се шегувај со мене.
Прилепски: Се дупиш со мене море?
Литературно: Не си во право.
Прилепски: Ебаго де!
Литературно: Госпоѓице/Госпоѓо
Прилепски: МОРИ!
Влавот и попот
Еден влав кој подолго време имал грижа на совест, отишол кај попот да се исповеда.
– Кажи чедо Божјо, зошто дојде?
– Оче, за време на војната во подрумот криев Евреи.
– Па тоа е добро дело – рекол попот.
– Да оче, но јас им наплатував.
– Па добро, трошоците за издржување се големи. Оправдано е.
– Да, но јас се уште не сум им кажал дека војната е завршена одамна.
500 евра
Коњ
Една жена му се жали на психијатарот:
– Докторе, мојот сопруг мисли дека е коњ.
– Не грижете се, тоа често се случува кај луѓето. Можеби вашиот сопруг е преморен од работа и има мал стрес. Најдобро ќе биде повеќе да се одмара за време на викендите.
– Но докторе, тој спие во шталата и пасе трева на ливада покрај куќата.
– Хммм, е тоа е веќе сериозен проблем. Донесете го да го прегледам, но морам д ве предупредам дека третманот за таквите пациенти е многу скап.
– Ах, не грижете се за парите. Пред некој ден тој пак победи на коњските трки.