Дома / Вицови (страна 121)

Вицови

Несреќа

Возач гази еден пешак на пешачки, и возачот му вели на пешакот:
– Имаш среќа што сум доктор!
А пешакот му вели:
– А ти немаш среќа дека сум адвокат.

Фаќање

Трпе разговара со Цветко на телефон:
– Штотуку се вратив од риболов.
– И, што фати?
– Сопругата и нејзиниот швалер.

Размена на мислења

Мало девојче ја прашува својата мајка:
– Мамо, што значи изразот размена на мислења?
– Мила, тоа е кога татко ти ќе дојде дома со свое мислење, а ќе замине 5 минути подоцна со мое мислење.

Наглув

Трпе и Цветко шетаат во парк. Одеднаш здогледале сам човек кој зборувал.
– Со кого разговара оној човек?
– Сам со себе.
– Па зошто тогаш толку вика?
– Не слуша, наглув е.

Јадење

– Келнер, ве молам сменете ми го јадењето!
– Зошто, што му фали?
– Пред 10 минути го сликав и го ставив на фејсбук и уште немам ниеден лајк.

Резултати

Во амбуланта..
Докторот:
– Сестро, дај резултатите!
Сестрата:
– Милан – Барселона 1:1, Шалке – Челзи 0:3, Реал – Јувентус 2:1…

Во месара

Цветко во месара ја прашува продавачката:
– Имате пушено?
Таа налутена му лепи шлаканица и вели:
– Како не ти е срам!!! Излегувај веднаш!
А тој само се насмевнува и вели:
– Па јас мислев за месо…

Глупа фаца

Разговараат двајца пријатели:
– Во последно време многу се смеам кога ќе видам глупава фаца.
– Па како тогаш се бричиш?

Бакнување

Трпе на паркинг го бакнува автомобилот по вратите и го гали со солзи во очите. Цветко случајно минува го прашува:
– Го продаваш?
– Не. Жена ми доби возачка дозвола.

Пеење

Поминува Трпе и го гледа комшијата на балкон.
– Комшија зошто секогаш си на балкон кога жена ти пее по дома?
– За да не помислат дека ја тепам!

Гревови

Се исповедува плавуша пред поп:
– Знаеш ли ти ќерко колку си заработила за твоите гревови?!
– Знам оче, знам ама мене парите не ми се важни.