Трпе доцни на работа и во ходник налетува на шефот.
– Кај си ти до сега?! Која е причината што доцниш 2 часа?!
Трпе размислува, си ја поднаместува вратоврската и одговара:
– Да, ќе станам татко.
– Оооо, па честитки. А кога?
– За 9 месеци…
Олимписки кругови
Го избрале Трпе да се обрати на отворањето на Олимписките игри. Застанал пред микрофонот и почнал:
– О, оо, оо!
И цел стадион повторил по него.
Трпе уште еднаш го повторил истото.
Кога се подготвувал по трет пат да го каже истото, човекот што стоел до него му рекол:
– Не мораш да го читаш тоа, тоа се олимписките кругови…
Бричење
Работа
Спиење
Кикирики
Операција
Братски муабет
Воз
Двајца роми се качиле во воз за да патуваат и тоа едниот од Скопје за Белград, а другиот од Скопје за Гевгелија. Но и двајцата влегле во ист воз кој одел за Белград. Во вагонот едниот го прашал другиот:
– На каде одиш?
– Јас одам за Белград по работа. Ами ти кај одиш?
– Јас одам за Гевгелија.
По кратка пауза заклучиле до каде дошла технологијата на железницата истовремено да оди во два правци.
Одбележување
Што е Љубов
Папата шофер
Доаѓа папата во Македонија и на аеродром го дочекува лимузина со шофер. Но Папата му шепнал на шоферот:
– Слушај пријателе, во Ватикан не ми даваат да возам, а јас баш би сакал да седнам позади воланот, па ако не е проблем, би сакал да ги замениме местата за да повозам малку.
Се префрлил папата на возачко седиште стиснал на гаста и 200 на саат шиба. Арно ама за кратко време ги сопира полиција.
Отвара Папата прозорецот и полицаецот се здрвил и веднаш истрчал до полициското возило до радио станицата:
– Прием шефе, застанав еден што возеше преку 200, но не знам што да правам!
– Е како не знаеш ОДЕРИ ГО!
– Ама не оди така шефе фаца е човекот!
– Да не е градоначалникот?
– Не повисоко е!
– Да не е министерот?
– Не не уште повисоко!
– Да не е премиерот?
– НЕ шефе не е!
– Па веројатно не е претседателот…
– Шефе јас мислам дека тоа е Господ лично!
– Дај бре не трескај глупости како може Господ?!
– Па добро бе шефе на кој друг Папата би му бил шофер?!