Nate
10/09/2013
Виц на денот, Разно
1,752
Доаѓа Црногорец до девојка во дискотека и ја прашува:
– Ти се игра ли?
– ДА!
– Епа ајде стани, оди играј, јас да седнам малку!
АИППБТ
09/09/2013
Разно
996
– Извинете, дали вие сте газдата на фирмата каде што работи мажот ми?
– Не госпоѓо.
– Тогаш, под итно тргнете ја вашата рака од моето колено.
shadow
09/09/2013
Разно
1,007
Влегува самоубиец во кафич и на келнерот му вика:
– Сакаш да те самоубијам???
перо
09/09/2013
Виц на годината, Виц на денот, Разно
40,709
– Што има брате? Од кај си?
– Од Македонија!
– Е? Супер, и јас сум од Македонија. Да мавнеме по една за Македонија?
И пијат една тура заедно. Првиов пак прашува:
– А, од кај од Македонија?
– Од Охрид.
– Ух, Охрид!! Браво друже и јас сум од Охрид! Дај да мавнеме уште по една тура за Охрид!!
– Како се викет мајкати и таткоти?
– Трајан и Гордна!! Аман бе и мојте така се викет ај да мавниме уште по една за нив!!!
Се напиле уште една тура кога првиов пак:
– А,во кое школо си учел средно?
– Па, матурирав тука одма кога ќе излезеш, лево.
– Леле, и јас! Дај уште по една чашка!
И така пијат уште две тури, кога во кафаната влегол некој стален гостин па го прашува келнерот:
– Па, што има денес?
Келнерот му одговара:
– Ништо друже, близнациве пак се камен пијани!
Виц на годината (2013)
Simon
09/09/2013
Личности
4,124
Се враќа Трпе дома во ниедно време, целиот расчупан, со пудра на лицето, измачкан со кармин и шминка. Трпана го гледа и му вика:
– И сега, што се случи?
А Трпе и враќа:
– Жено, нема да веруваш, ама се тепав со кловн.
Холовиц
21/08/2013
Виц на денот, Плавуши
15,319
Дечко треба да купи поклoн за роденден за својата девојка – плавуша, па ја прашува:
– Што сакаш за роденден?
– Мобилен!
– Може IPhone?
– Да да!
– А 4 или 5?
– Не бе, еден доста е.
Холовиц
18/08/2013
Прашање - Одговор
806
Што прави Кико на скапа струја?
– Ебе пари.
Аљоша Иваноски
18/08/2013
Личности
6,411
Момчето и вели на девојката:
– Ти имаш нешто возбудливо, нешто единствено, нешто што другите девојки го немаат.
Девојката:
– А што е тоа?
Момчето:
– Ме имаш мене.
Аљоша Иваноски
18/08/2013
Виц на денот, Личности
8,144
Татко и син гледаат ТВ кога одеднаш ѕвони некој на врата. Синот станал да отвори, и му вика на татко му:
– Татооо, овде има еден човек кој бара донација за новиот аква парк.
Таткото:
– Е добро де, наполни една кофа со вода и дај му ја.
David
16/08/2013
Политички
1,224
Како се заколнуваат нашиве политичари?
– Ако лажам да не се мрднам од фотељава кај што седам.
Јанко
16/08/2013
Личности
1,551
Цветко се пушта на некоја девојка во диско:
– Здраво девојко, шо пиеш?
– Чивас со две коцки мраз.
– Ауууу пиј си чим така, да не те замарам.
Aya
07/08/2013
Виц на денот, Разно
9,945
Разговараат двајца другари, едниот му вели на другиот:
– Имаш Фејсбук?
– Не.
– А, имаш скајп?
– Не.
– А твитер?
– Не.
– А добро бе што имаш?
– Живот.
– Еј супер, ми треба за Candy crush saga.
Мартин
07/08/2013
Разно
1,761
7 џуџиња му викаат на Драган Вучиќ:
– Драганее со твоите песни израснавме!
Аљоша Иваноски
07/08/2013
Разно
2,067
Еден налутен актер му објаснува на друг актер:
– Гледај те молам, во новата претстава јас треба да глумам некаков глупчо.
Колегата го теши:
– Па добро, биди среќен што барем нема да мораш да идиш на проби.