Дома / Вицови (страна 125)

Вицови

Пепси

Доаѓа турист од Јапонија во Македонија и влегува во продавница и вика:
– Чинг чаран чан пепси!
И продавачот вика:
– Една лименка шо?

Смешен виц

Се среќаваат Мујо и Хасо и Хасо расположено му вели на Мујо:
– Лелеееее каков виц ми кажа твоја Фата пред некој ден, уште се смеам… многу е добар!
Мујо почнува да се мурти, пa го прашува:
– А кога си ја видел Фата? Таа мене ништо не ми кажа?
Хасо продолжува да се смее и вели:
– Ма, во автобус се сретнавме пред некој ден…. ама кога ми го кажа вицот паднав од кревет од смеење!

Венчавка

За време на венчавката попот прашува:
– Ако некој има нешто против овој брак нека каже сега или вечно да ќути!
Се јавува некој тивок глас:
– Јас имам!
Попот:
– Ќути бе, ти си младоженецот.

Америка

Малиот Трпе го прашува татко му:
– Тато, што е тоа Америка ??
– Тоа е земја каде што живеат тие кои не знаат каде е Македонија. Порано таму живееја каубојци и индијанци, ама се испотепаа и сега таму живеат само глумци.

Фејсбук

Фејсбукот е како Временски портал, влагаш на 2 мин и искачаш за 2 саати.

Топ Шоп

Кога ми се дере мајка ми се осеќам како да сум во топ-шоп реклама: … НО ТОА НЕ Е СЕ!

Близнаци

Сијамски близнаци гледаат телевизија, ѕвони телефонот и едниот му вика на другиот:
– Ако ме бараат мене, не сум тука.

Културна мува

Културна мува прашува друга мува:
– Извинете, дали е оваа столица слободна?