Дома / Вицови (страна 126)

Вицови

Породилно

Цветко се пушта да девојка во диско и ја прашува:
– Работиш негде?
– Да, работам!
– Сакаш да ти средам за породилно?

План

Си биле инженер, хемичар и економист се заглавени на пуст остров. Почнуваат да смислуваат план како да се спасат.
Инженерот: Може да исечеме гранки, да направиме сплав и некако да испловиме.
Хемичарот: Со добри материјали може да направиме голем оган и да сигнализираме на некој авион.
Економистот: Да речеме дека имаме брод..

Зима

Учителката им рекла на децата да напишат расказ на тема „Зима“. Пред крајот на часот, го скорнала малиот Трпе да прочита што напишал. Трпе чита:
– Зима е. Се е покриено со снег. Куќите се покриени со снег. Дрвата се покриени со снег. Се е бело. Шумата е покриена со снег. Улиците се покриени со снег. Реката е замрзната, а волци се сексаат на неа.
Учителката:
– Уф Трпе… незгодно…
Трпе:
– E незгодно им е учителке, шепите им се лизгаат на мразот.

Во бутик

На излогот на еден бутик стоел натпис:
– На госпоѓите кои купуваат во нашиот бутик им следуваат гратис апчиња за главоболка и смирување за нивните мажи.

Попска желба

Фаќа поп златна рипка и оваа му вика:
– Ако ме пуштиш ќе ти исполнам 2 желби!
– Првата желба ми е: да не бидам повеќе поп!
Во истиот момент рипката му ја зема мантијата и Библијата, ги фрла во вода, и му вика:
– Добро, не си веќе поп. Која е втората желба?
– Сакам да имам скап џип, многу пари, ништо да не работам, само да уживам…
Рипката, ги зема мантијата и Библијата, му ги враќа и му вика:
– Абе ти, се зезаш ли со мене!?

Мажење

Разговараат две баби:
– Внуката ќе ми се мажи!
– Убаво, а од каде е момчето?
– Oд Фејсбук бил, не знам каде е тоа, ама од таму е.

Овци

Учениците од едно училиште биле во посета на едно село. Сретнале еден овчар и го прашале:
– Колку овци имате?
– Не знам деца, штом избројам до 100, одма заспивам.

Гледање на кафе

Трпана гледа на кафе на комшивката:
– Имаш свирче, зајак и слон. Некој набрзина ќе ти го свирне и ќе ти падне многу тешко!

Роми во Африка

Оди Рамче во Африка, сретнал црнец и го прашал:
– Зарем вие сите сте вака црни?
Африканецот:
– Да.
Рамче:
– Па тогаш какви се ромите кај вас?