Dimitar
04/05/2013
Виц на денот, Разно
9,246
Му вели свекрвата на домазетот:
– Зете расипано е казанчето, поправи го.
– Што ми е гајле, не е мое.
Наредниот ден:
– Зете расипана е кадата, среди ја.
– Што ми е гајле, не е моја.
Се изнервирала бабата, му ја препишала целата куќа на зетот и следниот ден му вели:
– Зете, поправи го казанчето не чини.
– Што ти е гајле, не е твое.
Васко
26/04/2013
Виц на денот, Разно
14,397
Влегува покераш во градски автобус, му приоѓа кондуктерот:
-Карта ?
-Понатаму..
-Карта ?
-Понатаму..
-50 денари !
-На твоите 50, уште 100 мои !
Настанува пауза, си разменуваат погледи… и покерашот сфаќа дека нешто не е во ред, па го прашува:
-Ти што си ?
-Кондуктер !
-Слабо, кента флеш!
Magdalena
26/04/2013
Разно
651
Едниот близнак му вика на другиот:
– Абе кај си ти цел ден?? Мама ме бањаше два пати!
Тони
25/04/2013
Еротски
3,605
Трпе го прашува Цветко:
– Брат, се тушираш после секс?
– Да, секако!
– Па тогаш што не ебеш почесто!
Eden coek
24/04/2013
Виц на денот, Личности
8,902
Трпе и Цветко работеле во Америка како перачи на прозори на облакодери. Стигнале до стотиот спрат, а Трпе вели:
– Абе Цветко, го утнавме 99-ти. Не ги исчистивме таму.
– И?! Што ќе правиме сега?!
На Трпе му дошла идеја:
– Па ајде бидејќи ти имаш трегери на панталоните, јас ќе те држам за нив, а ти ќе се клацкаш доле и нема да мора ни да мрдаш со рацете.
Се согласил Цветко и после некое време додека висел почнал да се смее. Трпе го прашал:
– Што се смееш ко зелен во ваква опасна ситуација ба?
– Абе ми текна како ќе те залепат по нос трегериве ако ми се откачат!
АИППБТ
24/04/2013
Разно
112
Разговор на ФБ помеѓу маж и жена:
Жената:
– Згодна, плава, големи гради…
Мажот:
– А 69ка правиш ли??
Жената:
– 69 ќе правам идниот месец.
Mario
23/04/2013
Личности
13,115
Си доѓа Трпе дома и ја гледа женаму со некој швалер гола.
Трпе зема пиштолот, и му вика на на швалерот:
– Излегувај на тeраса!
Швалерот вика:
– Чекај, ај пукни во воздух 2 пати, одма ќе легнеме, Трпана ќе дојде и да видиме за кого ќе плаче.
Трпе пука 2 пати двајцата легнуваат. Трпана излегува на тераса ги гледа, и вика:
– Ајде влагај, двајцата се мртви.
Аљоша Иваноски
23/04/2013
Виц на денот, Образованиe
7,636
Малиот Трпе ја прашува мајка си:
– Мамо, добиваат ли нашите учителки плата??
– Секако, зошто прашуваш ??
– Па, сите задачи ние ги решаваме.
trajko
22/04/2013
Разно
6,804
Еден организатор на протести му вели на друг организатор:
– И јас организирав протестен митинг.
– Како?
– Со повик преку интернет „Да се собереме и ние глупаците да протестираме“.
– Сигурно никој не дојде.
– Не, преполн беше плоштадот!
– Како така?
– Сите дојдоа да видат кои се глупаците!
НЕЗНАМ КОЈ СУМ!
21/04/2013
Виц на денот, Разно
1,214
Има четири степени на лудило:
1. Зборуваш сам со себе.
2. Се караш со себе.
3. Губиш во караницата сам со себе.
4. Не си правиш муабет повеќе.
Tihomir
21/04/2013
Плавуши
674
Плавуша киднапира подморница. Кога дошло време да преговара за условите да ја предаде назад таа поставува услов:
– Да ми се исплатат 200.000 долари и падобран!
Vicoteka.mk
21/04/2013
Политички
857
Да го пратевме Тодоровиќ на Евровизија ќе имаше гласање дур не победиме.
Ивана
21/04/2013
Виц на денот, Политички
842
Седнал Тодоровиќ на рингишпил и дошол Жерновски и му вика:
– Брат ај бе стани, трет круг ти е више!
bibi
17/04/2013
Изреки
980
Во Канада дупките ги цртаат на улиците за возачите да не возат брзо… Во Македонија има 3D технологија.