Дома / Вицови (страна 13)

Вицови

Маска

Влегува Трпе во пекара:
– Дајте ми едно ѓеврече.
– А зошто очите ти се покриени со маската?
– За да не го гледам бурекот…

Кафе

Пилотот и копилотот разговараат за време на лет:
– Да пиеме по едно кафе и после да ја „опнеме“ стјуардесата?
– Може, може…
Арно ама, микрофоните биле вклучени и разговорот се слушнал во целиот авион. Стјуардесата се засрамила и се затрчала кон пилотската кабина да им каже. Но, се сопнала и паднала пред една бабичка. Таа и помогнала да стане и и рекла:
– Ќе се искршиш бе чедо! Не брзај толку! Рекоа дека прво ќе пијат кафе.

Прозори

Трпана во краток фустан ги мила прозорците на станот, а Трпе лежи на креветот со телефонот в раце.
По кратко време ѝ вели:
– Слегувај веднаш од таму!
– Зошто?
– Веќе те гледам на Фејсбук како ги миеш, од другиот агол!

Осамена

Плавуша се жали на другар:
– Многy сум депресивна.
– Од што?
– Дебела сум и осамена.
– Ај покажи ми каде си дебела? Јас ништо не приметувам.
– Е да бе! Па да ти покажам после и каде сум осамена нели…

Лек

Трпе на радио слуша некоја религиозна емисија:
– “Верата во господ може да излекува секаква болест, само испружете ја едната рака кон небото а другата ставете ја на болното место”
Трпе ја испружил едната рака кон небото а другата ја ставил меѓу нозе.
Го гледа Трпана и му вели:
– Нели слушна шо кажа човекот, да излекува болест, а не да оживее мртовец!

Калуѓерки

Две калуѓерки ноќно време се враќаат во манастирот преку една шума. Наеднаш во далечината забележуваат како ги следи еден човек.
– Знаеш што? Едната од нас мора да се жртвува. Предлагам да се разделиме овде на крстопатот, тој не може да оди по двете. Така барем едната од нас ќе остане чесна – ѝ вели едната на другата.
Тргнале едната лево, другата десно, а човекот тргнал по втората. Првата стигнала до манастирот, ја почекала втората и по кратко време оваа дошла целата задишана и црвена.
– Што се случи? Те фати ли? – ја прашала првата.
– Па да, ме фати.
– А ти?
– Го кренав фустанот до половината.
– И тој?
– Тој ги спушти пантолоните до колена.
– Аууу, вистина?! А потоа?
– Потоа се разбира… Калуѓерка со поткренат фустан трча многу побрзо од маж со спуштени панталони!

Беспарица

Трпе и Цветко разговараат:
– А бе Цветко, баш имаме среќа што кај нас во село нема педери!
Цветко се подзамислува па одговара:
– Па не сум баш сигурен во тоа…
– Е, како не си? Нема кај нас педери!
– А Трпе, би дал ли ти г’з за 10 евра?
– Нема шанси!
– А за 100?
– Ти реков, нема шанси!
– А за милионче?
– Епа за милионче би размислил…
– Епа гледаш? Не е дека овде нема педери, туку нема пари!

Преселба

Разговараат две пријателки по подолго време:
– Трпано, советувај ме што да правам? Оној мојот, нели пред две години, отиде во Америка и сега ме вика да одам таму со двете деца…
– Па, ти си луда! Зошто воопшто прашуваш, спакувај ги куферите и тргнувај.
– Абе, да тргнам, ама децата во меѓувреме станаа четири…

Погреб

Трпана имала љубовник во друг град. Не знаела како да се извлече од дома за да се види со него, па љубовникот и рекол да излаже дека ќе оди на погреб на некој роднина. Така и направила, но маж и и рекол и свекрвата да оди со неа. Му се јавува таа на љубовникот и му кажува дека и свекрвата ќе дојде со неа и го прашува што да прави.
– Доведи ја и неа. Ќе и најдеме некој. И таа ќе биде задоволна – и вели љубовникот.
После „погребот“ одејќи си дома, снаата ја прашува свекрвата:
– Мамо, што ќе кажеме кога ќе стигнеме дома?
– Ти снао кажи што сакаш, а јас како што е ред, после 40 дена морам пак да одам.

Адреси

Оди Трпе кај селскиот поп да се исповеда.
– Оче згрешив, најсрамниот грев го направив!
– Кажи чедо, Бог е милостив ќе ти прости…
– Не можам оче срам ми е!
– Да не е со Митра на воденичарот?
– Не оче, голем грев, ми изгоре душата…
– Да не е со Јана на грнчарот жена му?
– Не оче… Ќе се варам цела вечност во Казан!
– Да не е со снаата на даскалот Трајан?
– Не оче, прости ми не можам, не можам да кажам…
И си тргнал. На излегување од црквата се сретнал со свој сосед и соседот го прашува:
– За каква работа си тука бе Трпе, што сакаш?
– Ништо комшија, за адреси дојдов.

Метла

Трпана му се жали на Трпе:
– Види ми ги плускавците на рацеве. Тоа се од метлата ми е!
– Батали ја метлата љубов моја, отсега излегувај со колата…

Спасител

– Тато, утре ќе дојде дечко ми да ме побара за жена. Немој ни случајно да паѓаш на колена и да викаш „спасителу наш”. Доволно е да климнеш со главата…