Vic
04/02/2013
Виц на денот, Личности
4,529
Трпана на кафе муабет со некоја пријателка разговараат за пороците на младината, и Трпана вика:
– Знаеш, јас полесно би прифатила ако Трпе џуниор е хомосексуалец отколку наркоман…
Во истиот момент од собата на Трпе џуниор се слуша:
– А, јас попрво би примил игла!
Воин
01/02/2013
Прашање - Одговор
509
Што е јалова работа?
– Кога ќе се посереш после туширање.
TT
31/01/2013
Виц на денот, Еротски
18,546
Трпе си дошол дома весел и Трпана го прашува:
– Денес си ми ништо многу радосен?
– Во трафика купив олимписки кондоми па вечер ќе ги пробаме!
– Никогаш не сум чула за такви…
– Не се нешто особено, само што можеш да ги купиш во три бои: златна, сребрена и бронзена!
– А, кои ги купи?
– Па се разбира златни, – вели гордо Трпе.
– Можеше да земеш сребрени, не требаше златни! – луто му вели Трпана.
– А, зошто? – се зачудил Трпе.
– Па бар еднаш да свршиш втор – му возвратила Трпана.
Холовиц
28/01/2013
Изреки
625
Ти паднал прслукот… Изгледа му здосадило да живее празен живот!
Mucho
27/01/2013
Виц на денот, Личности
2,718
Трпана го прашува синот:
– Сине, зошто во последно време не се дружиш со Стојан?
– Па мамо, дали ти би се дружела со некој кој пие, пуши и се дрогира?
– Секако дека нема!
– Епа ете, гледаш, не сака ни он!
Аљоша Иваноски
27/01/2013
Прашање - Одговор
508
Која е разликата меѓу гробишта и клозет?
– Нема разлика, кога мора да одиш, мора.
Аљоша Иваноски
25/01/2013
Виц на денот, Разно
2,206
Во светски рамки била направена анкета на која луѓето одговарале на исто прашање: „Какво е вашето мислење за недостигот на храна во другите делови од Светот ??“Анкетата завршила катастрофално.
– Во Африка не знаеле што е тоа храна.
– Во Западна Европа не знаеле што е тоа недостиг.
– Во Источна Европа не знаеле што е тоа сопствено мислење.
– Во Америка не знаеле што е тоа друг дел од Светот.
Аљоша Иваноски
25/01/2013
Личности
1,376
Влегол Цветко во луксузен ресторан и го прашува келнерот што има на менито.
– Денес имаме кавијар господине.
– А што е тоа кавијар ??
– Тоа се јајца од риба.
– Добро, тогаш дајте ми две на око.
TT
23/01/2013
Виц на денот, Личности
12,510
Разговараат две пријателки:
– Кажи ми, сосетке, како ти успеа мажот ти да се враќа дома рано?
– Лесно. Еднаш се врати дома по полноќ, и јас од спалната го повикав: – Стојане, ти ли си?
– А тој?
– Па, тој се вика Трпе!
Аљоша Иваноски
23/01/2013
Личности
4,214
Отишол Цветко на лекар и се жали:
– Докторе, секоја вечер сонувам необичен сон. Сонувам како згодни девојки влегуваат во мојот стан и се обидуваат да ме заведат.
– И вие како реагирате на тоа ?? – прашал докторот
– Никако. Само со рацете ги оттурнувам од себе.
– И што сакате јас да направам ??
– Ве молам докторе, скршете ми ги рацете!
bhui
23/01/2013
Изреки
709
Тешко е да изговориш “те сакам“, уште потешко е да изговориш “прости ми“, а најтешко е да изговориш “тиндирбалаландагеротранц“.
Joe Hart
22/01/2013
Расистички
4,271
Двајца Швеѓани, татко и син требало да одат за Америка. Тие биле многу скржави, но се одлучиле да одат за Америка.
По 5-6 дена патување, синот му вели на татко си:
– Тато бре, оваа Америка е многу далеку..
Татко му одговара:
– Прекини сине и продолжи да пливаш…
Marija
22/01/2013
Виц на денот, Личности
11,201
Зборат Цветко и Трпе и Цветко му вика на Трпе:
– Абе ај нека е со среќа си добил син!
И Трпе му вика:
– Е фала братко.
– А Трпана како изреагира, среќна е?
– Абе види брат, уште не сум и кажал!
Аљоша Иваноски
20/01/2013
Виц на денот, Полицајски
4,428
Полицаец запира возило и му вели на возачот:
– Господине, ова што го возите вие не може да се нарече автомобил.
Возачот:
– Знам, затоа и немам возачка дозвола.