Дома / Вицови (страна 139)

Вицови

Печалбар

По 10 години, Трпе се враќа од печалба во Германија. На аеродромот го чека целото семејство. Мајка му го здогледува Трпе и се стрчува кон него, но тој и удира шлаканица. По неа се затрчува и сестра му, а Трпе и неа и удрил шлаканица. Истото го направил и со неговиот брат. На крајот доаѓа татко му и го прашува:
– Добро бе Трпе, што ти е тебе, зошто на сите ни удираш шлаканици?
Трпе одговара:
– Како бе зошто… 10 години сум во Германија, денар не сте ми испратиле!

Вистински другар

Мујо и Хасо си разговарат:
Мујо: Брат, што би ми кажал ако сега умирав?
Хасо: Може ли да ти го земам телефонот, нинтендото, xboxот, куќата, колата и жена ти?

Кафана

Идат другари под прозор кај некој папаучар:
– Ајде другар во кафана?
Папаучарот:
– Чекај да ја прашам жена ми!
После три минути:
– Ма кој и ебе матер, идете вие.

Миграција

Некој сељак од источна Македонија тргнал за Скопје и почнал да вика низ селото:
– Се гледаме Македонијооо, заминав Скопјееее.

Чекање

Девојка гледа во телефонот и чита:
– 1 Нова порака. Ја отвара и чита:
– Душо доаѓам за 5 минути, ако ме нема читај ја поракава од почеток!

Вистина

Девојката го прашува дечкото:
– Драги, дебела ли сум во фармеркиве?
– Нема да се налутиш ако ти ја кажам вистината?
– Не.
– Спиев со другарка ти.

Пациент

Сестра: Докторе докторе, надвор има пациент некоја машина му ги отсекла двете нозе.
Доктор: Кажи му нека влезе.

Повеќе за вас

Разговараат двајца пријатели:
– Како е кај вас на работа?
– Исто каков во Вип!
– Опаа, значи лапате добри пари.
– Не бе, нула денари по минута.

Одлука

– Мамо, тато, одлучив да живеам сам!
– Па тоа е одлично, сине.
– Да, куферите ви се пред врата!