Дома / Вицови (страна 14)

Вицови

Корист

Трпе и Трпана се шетаат низ шумата.
– Трпе, имам чувство дека сакаш да ме искористиш!
– Нема – одговара Трпе.
Продолжуваат понатаму во шумата и еве ја Трпана пак:
– Јас имам чувство дека сакаш да ме искористиш!
– Нема, што ти е тебе!?
Продолжиле и стигнале длабоко во шумата.
Трпана:
– А да ме искористиш, па да ми помине тоа чувство?

Проблем

ПРВАТА ЖЕНА ВО ВСЕЛЕНАТА…
– “Хјустон, имаме проблем!”
– Каков проблем?
– “Ништо, сеедно.”
– Што е?
– “Ништо!”
– Кажи ми!
– “Ти си знаеш…”

Чешел

Оди Влав по улица и среќава пријател исто така Влав, па го прашува:
– Каде бе пријателе?
– Еве одам во продавница. Ми се скрши забец од чешелот, па одам да си купам нов.
– Море комшија, па не мора да купуваш нов чешел само заради еден забец.
– Е морам, тој беше последниот…

Пациент

Се јавува некој на Хируршка клиника во Скопје и прашува:
– Ве молам, може ли да ми кажете каква е состојбата со Трпе од соба бр. 6?
– Ааа, веднаш господине, само ве молам да земам картонот. Да, значи вака, раната убаво зараснува, гипсот ќе го извадиме во понеделник!
– А ве молам, кога ќе го пуштите дома?
– Па во вторник ќе направиме рентгенски снимки и ако е сé во ред, во среда ќе може да си оди дома. А вие господине сте од семејството на пациентот?
– Не, jас сум Трпе од соба бр. 6. Овде никој ништо не ми кажува, затоа ви се јавив. Фала и пријатно!

Средно

Се јавува швалерката на фиксниот и телефонот го крева жената:
– Ало, Трпе ми треба.
– А кој го бара? – прашала жена му.
– Една другарка од средно.
– Кое средно мори краво една, тој едвај осмо заврши!

Ако помине…

Пијан гостин ја чита сметката во кафана:
– 2 коњака – 120
– салата – 85
– ако помине – 130
– 4 пива – 320
Го вика келнерот:
– Што ти е ова “ако помине”?
– Е не помина…

Слава

– Здраво, може да закажам за Митровден за 4ца, на слава да ви дојдеме?
– Извинете до Св. Никола се е зафатено!

Мераклија

Една жена имала маж многу мераклија за други жени. Каде и да го испрати било на пазар било во аптека или на родителски секаде ќе го најдела со жена. Но кутриот немал век па умрел. Го погребале Утредента жена му зела погача зела вино и отишла на будење. Кога отишла на гробот нашла едно писменце. Го отворила и прочитала:
– Не сум тука барајме преку три гроба кај Трпана сум на кафе…

Оглас

Невработен чита оглас за работа:
„Се бара помошник во гинеколошка ординација!“
Веднаш го врти бројот:
– Здраво, се јавувам за огласот. Може ли да ми дадете детали околу работата?
– Се разбира. Работата ќе ви биде да ги подготвувате жените за гинеколошки преглед. Тоа значи дека ќе им помагате се соблечат, да легнат, ќе ја измиете со топла вода областа на истражување и на крај ќе им го масирате половиот орган со лубрикант, за да се опушти и да се избегнат повреди при прегледот.
– Хмм… да, заинтересиран сум за местото. Кога да дојдам?
– Може и утре, но ќе мора да одите во Велес.
– Велес??? Нели огласот е за во Скопје!?
– Да, за во Скопје е, но редот е до Велес…

Сопруга

– Ало, се јавуваме во врска со вашата исчезната сопруга, бидете подготвени за најлошото!
– Аман бе, зарем ќе се врати?

Пензионери

Пензионерски денови во Франција:
– Чаша вино и цел ден на плажа.
Пензионерски денови во Англија:
– Чаша виски и цел ден во пабови.
Пензионерски денови во Македонија:
– Чашка со мокрача и цел ден пред ординација.