selotejp
26/09/2012
Изреки
595
Државата е институција, а бракот е месната заедница.
Бажо
25/09/2012
Разно
507
На прашањето: „Користите ли интернет?“ – потврдно одговориле 100% од анкетираните Македонци.
Анкетата била спроведена на интернет.
Krcko
25/09/2012
Разно
9,744
Си била некоја вдовица и правела колач за да му носи ред на маж и. И одејќи кон гробиштата колачот и паднал. Кога жената стигнала на гроот на маж и почнала да зборува плачејки:
– Убав беше Иванее!
Од другата страна попот ја слушнал како плаче и ја тешел:
– Не плачи ќерко ќе си најдеш поубав.
Жената уште посилно заплакала и рекла:
– Сладок бешее Иванеее!
Попот повторно ја теши:
– Не плачи ќерко ќе си најдеш друг.
Жената повторно заплака и рече:
– Со три јајца беше Иванеееееее!
Попот се подзамислил и и рекол:
– Е сега плачи таков нема да најдиш!
War Wolf
24/09/2012
Полицајски
15,007
Пијаница се капе во фонтана во парк. Доаѓа полицаец и му вели:
– Еј, ти, во фонтаната, брзо да излезеш!
Кога пијаницата излегува, полицаецот му бара лична карта. Пијаницата:
– Немам во себе никаков документ.
– Кој си ти?
– Ти ме знаеш!
– Не, не те знам, затоа те прашувам кој си.
– Абе ме знаеш, ти велам!
– Реков дека не знам. Кој си ти???
– Како не ме знаеш? Јас сум тој што беше во фонтаната!
lola
24/09/2012
Личности
1,758
Мујо бил на гости кај Хасо, Фата правела кафе за нив двајцата и го прашала Мујо:
– Какво го пиеш кафето? Средно…?
A, Mујо и одговорил:
– Да, ти стави три кафиња и јас ќе го земам средното…
Аљоша Иваноски
23/09/2012
Виц на денот, Разно
16,203
Две охриѓанки глумат србинки во Охрид на плажа, едната вели:
– Јелена, доџи да се купамо…
Другата:
– Не могу ма, ме дупет камењава.
selotejp
23/09/2012
Разно
455
Разликите треба да не спојуваат, му рече јадицата на сомот.
selotejp
23/09/2012
Изреки
601
Многу жени имаат намера да го променат мажот, но кога ќе го променат веќе не го сметаат за привлечен.
Бажо
23/09/2012
Златна риба
4,214
Фатил Драган Вучиќ златна рипка и таа му рекла:
– Пушти ме бе сељак еден!
kole
23/09/2012
Разно
6,729
Група новинари го сретнуваат Кристијано Роналдо и го прашуваат:
– Господине како мислите дека ќе заврши утрешниот дуел помеѓу екипата на Барселона и екипата на Реал Мадрид ?
– Со победа на Барселона.
– А резултат?
– Хмм.. Па зависи од тоа колку голови Меси планира да постигне.
selotejp
22/09/2012
Изреки
559
Кога некоја жена ќе ти го подари своето срце, оди па ослободи се од сето она што со него оди.
selotejp
20/09/2012
Виц на денот, Изреки
859
Кога синот личи на таткото тогаш тоа е генетски, а кога личи на комшијата тогаш тоа е влијание на околината.
nalanala
20/09/2012
Виц на денот, Разно
7,504
Американец и Англичанец разговараат:
– Чуден народ сте вие англичаните… досадни, затворени. Само за спорт зборувате. Зошто не се мешате со други? Видете ме мене на пример: имам ирска крв, и италијанска, дури малку и мексиканска и тоа кралска. Што ќе кажете на ова?
– Што да кажам… Мајка ви има спортски дух.
Аљоша Иваноски
19/09/2012
Разно
451
Ако Спиди Гонзалес е брз, тогаш што да речеме за камерманот?