Оди зетот на гости кај дедото и бабата. Го пречекуваат од убаво поубаво.
Бабата му испекла пиле. Дедото направил ќебапчиња на скара, му ставил од најубавата ракија, а додека зетот бил на гости, го пратиле братот на невестата да оди да го исчисти изметот од животните од шталата.
Откако гостите си заминале, синот прашал:
– Мамо, тато, јас ги работам најлошите работи, ги ринам лајната на животните и пак се посно ми готвите и не ми додавате од убавата ракија. А кога ќе дојде зетот, се најубаво за него.
– Ааа, да знаеш синко тој што ѓубре исчисти од нашата куќа… Ти цел живот да ринеш, нема да изринеш толку…
Истражување
Чоколадо
Чај
Сосетките седат и си пијат кафе и едната и се жали на другата:
– Кажувај некој совет, што да правам? Трпе ме тепа секој пат како се прибере пијан.
– Не се секирај, го знам лекот. Купи си чај од камилица и кога ќе се прибере пијан, започнувај да правиш гаргара.
Тепаната не видела некоја смисла во советот, но сепак решила да проба. По една недела, двете пак се гледаа. Тепаната и вели на другата:
– Леле, Господ да те богослови! Откако почнав гаргара со камилица, со прст не ме допре.
– Ееее, па прашај паталец, друго си е кога си ја држиш устата затворена…
Вага
Резерва
Жена
Заболекар
Книга
Пораѓај
Жена започнала да се пораѓа на улица. Во тој момент поминува еден пијан.
– Те молам, помогни ми!
– Леле, што да правам?
– Повлечи го детето за главата!
– Опааа, излезе!
– Фати го сега за нозете, сврти го наопаку и плесни го по газето!
Пијаниот го плеснал неколку пати по задникот и рекол:
– И повеќе да не влегуваш таму, разбра ли!
Банка
Семафор
Комшивката отишла кај Ајша на кафе и ја затекнала како готви ручек на електричен шпорет со 3 рингли. Ќе го подржи тенџерето неколку секунди на едната, па го преместува на втората, а по неколку секунди го преместува на третата. Потоа пак на првата и постојано така…
– Ајше, што правиш? – Прашала комшивката.
– Грав.
– А зошто само го преместуваш тенџерето од една на друга рингла, а не го оставиш да се вари само на една?
– Мора така. Откако дојдоа од ЕВН и ни ја исклучија струјата, Рамче не приклучи на семафорот…
Наполитанки
Калуѓерка се прибирала летно време во манастирот. Патот бил долг, жегата – сероизна. Огромен џип ја поминал и застанал на 30-тина метри, за да ја качи. Внатре – одлична мачка. Калуѓерката се освестила од жештината под влијание на климатикот и почнала да ја разгледува внатрешноста на возилото. По едно време прашала:
– Абе, чедо, се надевам дека нема да те навредам, ама сакам да те прашам: како толку млада си дозволи таква кола, таа е поголема од мојата соба во манастирот??
– Па, имам еден пријател на кого му помагам да ја поднесува порелаксирано осаменоста два-три пати во месецот. Тој има авто-салони низ целата земја и на крајот ми го подари овој автомобил…
Калуѓерката само малку промрморила… додека мачката менувајќи ги брзините постојано тропала со огромните златни накити по рацете.
Калуѓерката пак се јавила:
– Абе, јас пак да прашам: како собра толку злато, а толку си млада??
– Па, имам еден пријател кој има златари во многу градови. Секој пат кога ќе се видиме со него ми подарува по нешто и така…
Пак никаков коментар. Стигнале до манастирот. Калуѓерката тргнала да слегува, а мачката решила да се освежи и се намирисала со парфем. Калуѓерката за последен пат прашала:
– Абе, чедо, јас таков парфем не сум видела, од каде го имаш?
– Па, имам пријател, сопственик на парфимерија, на кого исто му правам друштво одвреме-навреме и тој исто така ми подарува…
– Да си жива и здрава, чедо, сполај ти…
Отишла калуѓерката во манастирот, седнала на еден стол и почнала да размислува. По кратко време се чуло тропање на вратата:
– Кој е?
– Како кој, мoри, Стојче клисарот, отварај побрзо!!
– Стојче, ДА МИ СЕ МАВНЕШ од ГЛАВАТА со твоите наполитанки!!!