Професор по биологија му објаснува на пријател :
– Иако може да донесат птичји грип, ластовичките се всушност многу корисни птици. Ги јадат мувите.
Пријателот „бледо“ го гледа и му враќа:
– Глупости!!! Во зима нема ниту една мува, а кога ќе долетаат ластовичките – муви насекаде!
Мртовечница
Вработен
Заборавање
Стока
Можење
Паста
Мјау мјау
Пушка
На Трпе му било роденден и Трпана го прашала каков поклон сака, а Трпе и рекол:
– Сакам пушка!
– Не, не, пушка не доаѓа во предвид.
– Ама, стварно сакам пушка.
– Трпе, ти реков, не може пушка! Одбери си нешто друго.
– Ама, јас сепак сакам пушка!
– Значи реков не, не и не! Кој овде одлучува?
– Ти Трпано, али кога би имал пушка…
Желба
Пијан
Полицаец застанува еден човек и го прашува:
– Господине, вие пијан сте?
Овој му одговара:
– Не.
Полицаецот:
– Добро,ама одговорете на прашањево. Гледате две светла кои идат накај вас, што е тоа?
Возачот одговара:
– Па кола.
Полицаецот:
– Да,ама каква кола? Мерцедес, Опел, Цитроен…
Возачот збунето одговара:
– Па од каде да знам!?
Полицаецот:
– Ти си пијан. Ај сега одговори на ова прашање: Гледате едно светло кое иде накај вас, што е тоа?
Возачот:
– Мотор, секако.
Полицаецот:
– Мотор е, ама каков, Јамаха, Хонда, BMW?
Возачот налутено одговора:
– Па јас не можам тоа да го знам.
Полицаецот:
– Ти си сигурно пијан.
Возачот:
– Ај сега јас да те прашам едно прашање. Ако по патот видиш полугола жена со мрежести хулахопки, што е тоа?
Полицаецот:
– Лесно, стриптизерка.
Возачот насмеано:
– Да, ама од каде знаеш дали е ќерка ти, жена ти или мајка ти?
Редица
Дошол крај на светот и сите луѓе отишле во рајот. Бог им рекол на мажите да се наредат во два реда. Во едниот ред да застанат оние кои биле командувани од жените, а во другиот останатите. Редицата на мажите кои биле командувани од жените била огромна, додека во другата редица имало само еден маж. Бог рекол:
– Засрамете се, имате премногу слаби карактери! Само еден од моите синови бил силен. Само со него се гордеам. Кажи синко, зошто застана во оваа редица.
– Не сум сигурен, плашливо одговорил мажот, жената ми рече да застанам овде.