Дома / Вицови (страна 152)

Вицови

Дете

– Нашиот син докторе постојано си игра во песокот. Прави слатки од песок, прави кули од песок… Ќе го излекувате ли докторе?
– Па тоа е сосема нормално за едно дете!
– И ние така мислиме докторе, но жена му бара развод.

Вдовица

Трпе и Цветко тргнале на скијање. Се возеле неколку часа и ги зафатило големо невреме. Се засолнале на некоја фарма и ја замолиле згодната госпоѓа
која им отворила врата, кај неа да преноќат.
– Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат ако ви дозволам да преноќите кај мене дома – рекла вдовицата.
– Немојте да се грижите, рекол Трпе, ние ќе преспиеме во шталата, а штом времето се поправи, ќе си одиме!
Жената се согласила и тие преспале во шталата.
Утрото времето се поправило и Трпе и Цветко си го продолжиле патот.
Остатокот од викендот го поминале уживајќи во скијањето.
Околу девет месеци подоцна, Трпе ненадејно добил писмо од некој адвокат. Му требало некое време да разбере дека се работи за адвокатот на згодната госпоѓа од фармата.
Отишол тој кај Цвеко па го запрашал:
– Слушај, се сеќаваш ли ти на згодната вдовица кај која што преспавме кога не фати невреме?
– Да, се сеќавам. одговорил Цветко.
– Дали ти можеби стана среде ноќ и ја посети госпоѓата?
– Па…да. – рекол Цветко, вцрвувајќи се бидејќи бил откриен. Морам да признам дека отидов кај госпоѓата.
– И да те прашам, дали случајно се престави со моето име наместо со твоето?
Цветко пребледел.
– Да, така се преставив – извини другар, зошто прашуваш?
– Неодамна починала и се ми оставила мене. – рекол Трпе.

Домашна задача

Учителката го прашува малиот Трпе:
– Кој ти ја напиша домашната задача?
А на ова Трпе и одговара:
– Не знам учителке, морав рано да си легнам.

Супа

Келнерот го служи гостинот со супа и му вели:
– Пријатно јадење.
– Благодарам.
– Келнер пробај ја супата.
– Да не е жешка?
– Абе пробај ја супата!
– Да не е ладна?
– Абе пробај!
– А лажица?
– Ааа… А ти текна а?

Фалење

Се фалеле Французин, Англичанец и Цпногорец со своите жени.Англичанецот вели:
– Мојата жена има толку долги нозе, што кога ќе јавне коњ нозете и се влечат по земја. Не дека коњот е мал, туку нозете и се долги.
А Французинот:
– Мојата жена има толку тесна половина што можам да ја опфатам со два прста. Не дека мене пацете ми се големи, туку половината и е тесна.
Црногорецот:
-А мојата жена… Кога тргнувам на работа ќе ја плеснам по задникот, задникот и се тресе додека не се вратам од работа, не дека тој и е толку голем,туку толку ми трае работното време!

Постигнување

Кристијано Роналдо вика:
– Ќе постигнам се што постигна Меси, па дури и пенал да промашам.

Фудбалери

Роналдо: Јас го промашив пеналот.
Меси: Јебига, и јас исто.
Кака: И јас.
Рамос: Луѓе тоа не е ништо, јас го промашив стадионот!

Еден збор

Се среќаваат двајца пријатели кои одамна не се виделе.
– Кај си сега на работа?
– Никаде, ме избрка директорот од работа само за еден збор.
– Како бе така за еден збор?
– Е така, бевме собрани повеќе души во дворот на фирмата, на паузата, помина директорот, се замеша во муабетот, почна да се фали дека има јака кола, супер викендица, супер жена, прва лига во кревет и јас му реков ЗНАМ.

Другарка

Иде Кумановац у Скопје по ослобоѓење од страну на партизани. Пошто не може да се снајде, сретнаја едну жену да гу питује за насоку:
– Извините госпоѓо.
Жената се сврте и намуртено га погледна и рече:
– Не сум јас госпоѓа.
Кумановац брзо се попрваља:
– Извинете госпоѓице.
– Но не сум ни госпоѓица. – збесна жената.
Кумановац почнаја да се чуди:
– Па добро, што сте?
– Како што сум ?
– Па другарка. – поносно одговара жена.
– Извините, а чија? – прашује Кумановац.
– Како чија? Па на сите. – одговара жена.
– На сите? – чуди се Кумановац и почнаја да се чеша по главу и сфатија:
– Разбра, тој куде нас се вика курва.

100 евра

Една ноќ полковник и приоѓа на проститутка и ја прашува:
– Ќе го прифатите моето друштво за 100 евра?
– Малку е, ама се согласувам.
Полковникот се свртел и викнал:
– Друштвооо… вааааамууууу!