Дома / Вицови (страна 154)

Вицови

Дресови

Влегува некој фан на Барселона во продавница за спортски реквизити и прашува:
– Имате ли дрес од Барселона?
– Имаме, од кој сакате, од играчите или од судиите?

Љубовник

Добар љубовник е како скап детергент: делува брзо, продира длабински, убаво мириса и што е најважно, не остава траги.

Возачка дозвола

Плавуша полагала за возачка дозвола. Следниот ден ја сретнал комшијата и ја прашува:
– И, како? Положи ли?
– Не знам, членот од комисијата е сеуште во болница.

Покачување плата

Куќната помошничка барала покачување на платата. Трпана се налутила и ја прашала:
– Добро, кажи ми причина зошто мислиш дека заслужуваш покачување?
– Не е една, него три причини.
– Добро, слушам.
– Прво, барам покачување затоа што подобро пеглам од вас.
– Кој вика тоа?
– Па, вашиот маж, Трпе.
– Добро, друга причина.
– Подобро готвам од вас!
– Немој да ми кажеш дека Трпе го кажал ова?
– Токму така.
– Добро, а која е третата причина?
– Трета причина е што сум подобра љубовница од вас!
Трпана зацрвенета и вика:
– Немој да ми кажеш дека повторно ова го кажал Трпе?!
– Не госпоѓо, ова го вика вашиот градинар.
На ова Трпана враќа:
– Колку сакаш да ти се покачи платата?

Глагол

Наставничката му вели на Трпе:
– Кажи го во сегашно време глаголот оди.
– Јас одам, ти одиш, тој оди…
– Побрзо бе Трпе.
– Јас бегам, ти бегаш, тој бега…

Апсолвенти

Разговор на апсолвенти на државен факултет:
– Колега, уште колку испити имаш до крај?
Разговор на апсолвенти на приватен факултет:
– Колега, уште колку рати имаш до крај?

Причина

Цветко го прашува Трпе:
– Зошто ти е модро окото?
– Трпана ме удри…
– Зошто?
– И се обратив со ТИ!
– И за тоа ли тепаат?
– Тепаат, тепаат… Си лежев јас на креветот, таа ме поттурна и ми вели: „ние одамна не сме имале секс“, а јас и велам: „Не ние, туку ТИ“.

Убава

Трпе: Многу си убава!
Трпана: Фала.
Трпе: Априлилили.
Трпана: Па не е 1ви април!
Трпе: Па и ти не си убава!

Момче

Како плавуша бара дечко?
– Зема мајмун и чека да стане човек.

Снаа и Свекрва

Си биле снаа и свекрва и се шетале по пазарот. Свекрвата здогледала некој домати и и рекла на снаата:
– Снао види што убави домати да ги ставиш во уста да не ги извадиш.
Поминале покрај гробишта и снаата на свекрвата и рекла:
– Свекрво види гроб да легнеш да не станеш.

Риба

Зошто плавуша скока во вода?
– Затоа што и рекле дека е добра риба.

Mашка храброст

Трите нивоа на машката храброст:
1 ниво: Мажот си доаѓа дома подоцна од работа, жената го чека со метла на вратата.
Тој: „Ќе метеш или ќе леташ негде?“
2 ниво: Мажот си доаѓа од работа доцна во ноќта, жената лежи во креветот и се преправа дека спие. Мажот зема стол, седнува пред неа и ја гледа. Жената не издржува и го прашува: „Што правиш?“
Тој: „Кога ќе започне театарската претстава сакам да сум во првиот ред!“
3 ниво (црн појас): Мажот си доаѓа од работа рано наутро, весел, целиот во кармин и мирис на женски парфем. Жената во кујната, веќе доручкувала, нервозно му врти грб. Мажот оди до неа, ја удира по задникот и вели: „Ти си следната!“

Грепка

Трпе го сретнува Цветко:
– Еј, па кај си бе ти, што правиш?
– Еве, бев до лотарија да си купам грепка, и нема да веруваш, го изгребав автомобилот!
– Стварно?
– Да бе, го закачив контејнерот пред зграда.