TT
05/04/2012
Виц на денот, Личности
3,050
Трпе го сретнува Цветко:
– Еј, па кај си бе ти, што правиш?
– Еве, бев до лотарија да си купам грепка, и нема да веруваш, го изгребав автомобилот!
– Стварно?
– Да бе, го закачив контејнерот пред зграда.
Баже Алексовски
03/04/2012
Полицајски
1,634
Касното ноштеска. Звони звончето.
– Кој е?
– Отвори полиција!
– Нема никој дома!
– А кој дума?
– Причинило ви се е.
– А зашто свети?
– Е чеке са ќе угаса!
Dragan
03/04/2012
Виц на денот, Плавуши
8,818
Плавуша излегува со новиот дечко. Седат во еден парк, дечкото вади кутија цигари, ги подава кон неа и прашува:
– Цигара?
Плавушата:
– Знам дека е цигара…
Bok1
02/04/2012
Виц на денот, Политички
2,380
Цветко земал чипс и седнал на кревотот и пуштил телевизија, и го гледал Груевски. Го изгасил телевизорот, пуштил радио. И таму Груевски. Го исклучил радиото отвора весник, и таму Груевски. Го фрла весникот и вика:
– Леле, страв ми е да го отворам чипсот!
Mucho
01/04/2012
Виц на денот, Разно
5,434
Девојката му вика на дечкото:
– Што ако сум се лапала со друг, тоа значи дека те варам?
А дечкото и одговара:
– Што ако ти удрам бокс со лева рака, а јас сум деснак, тоа значи дека сум те тепал?
bruno
01/04/2012
Информатички
22,014
Се враќа мрежен администратор дома по 2 дена и жена му го чека на врата:
– Ајде сега да ми објасниш каде беше и што правеше!
Човеков сиот расеан вели:
– Види драга, вчера требаше да се одржи состанок на работа и чекавме додека дојде делегација од странство. Откако заврши состанокот, доцна вечерта почна да врне силен дожд. Една колешка што работи како секретарка требаше да си оди дома и јас ја префрлив со кола. Пред нејзината зграда, штом тргнав дома предната десна гума ми пукна. Земав да ја поправам ама многу врнеше и секретарката ме покани да влезам кај нејзе да се напијам чај со рум додека не преврне. Штом преврна си реков да тргнам накај дома ама видов долу полиција и што да правам… Пиев алкохол и ќе ме казнат веднаш, си реков. Колешката ми понуди да преспијам кај нејзе, па затоа се враќам денес.
На сето тоа жената му одговара:
– Е да бе, ти мене ќе ме лажеш. Цела ноќ си ја преседел у канцеларија на интернет идиот еден!
bruno
01/04/2012
Информатички
1,665
Како мрежист ѝ се пушта на програмерка?
– Прави ping и чека да види дали ќе добие reply или пак destination host unreachable.
Draganche
30/03/2012
Виц на денот, Разно
1,247
Оди крадец во аптека и и вика на аптекарката:
-Дај ми ги сите пари!
Аптекарката му одговара:
-Без рецепта ништо не ти давам
Омко
29/03/2012
Виц на денот, Личности
733
Трпана гледа турска серија на една телевизија и едно време му се врти на Трпе:
– Види бе, види, колку ја сака Саваш…
– А ти знаеш ли колку му плаќаат за тоа?
Последна 5ка
29/03/2012
Прашање - Одговор
901
Која врста на луѓе се размножуваат без секс?
– Пензионерите.
Rike
28/03/2012
Личности
1,164
Трпана сакала да зборува на телефон и му вика на Трпе:
– Душо имаш ли кредит?
– Да душо, имам, во Тутунска и во Стопанска банка.
Ивица
28/03/2012
Виц на денот, Личности
3,390
Трпе се жали на психијатар:
– Докторе, помагај, живот мој повеќе нема смисла. Жената ме напушти, ќерката и зетот веќе не доаѓаат кај мене, синот не ми обрнува никакво внимание, дури ни пари не ми бара повеќе.
Докторот:
– Море дај ти мене помогни ми, кажи ми како ти успеа сето тоа?
ice
28/03/2012
Сличности/Разлики
1,038
Која е разликата помеѓу жена и полжав?
– Полжавот ги покажува роговите кога ќе излезе од куќа, а жената кога ќе влезе во куќа!
Caci
27/03/2012
Виц на денот, Плавуши
2,016
Отишла плавуша да купи лаптоп, влегува и вика:
– Сакам да купам лаптоп.
– Госпоѓо имаме само Дел лаптопи…
– Не сакам дел, сакам цел!