Бажо
11/03/2012
Виц на денот, Личности
3,992
Трпе и Цветко се сретнуваат горе и Трпе го прашува Цветко:
– Од што умре?
– Од студ. Ти?
– Јас од среќа.
– Како бе од среќа?
– Па така, вчера се вратив дома, ја гледам Трпана гола во кревет. Проверувам под кревет, во плакарот, на тераса, нема никој. И така од среќа си умрев.
– Абе глуп еден, да провереше во фрижидерот, сега и двајцата ќе бевме живи.
Иван Дејанов
10/03/2012
Личности
813
Излага Трпана од салон за убавина и Трпе ја гледа и и вика:
– Добро, барем се обиде.
Mladen
10/03/2012
Разно
2,619
Македонски фудбалер оди во Србија да игра за Партизан и за време на состанокот ги прашуваат кој што ќе пие кој пиво,кој виски кој коњак, доаѓа на ред на нашиов.
– Шта чеш ти?
– Неки сок.
– Од чега?
– Па може и од чега за мени само без лед.
Dijana
09/03/2012
Виц на денот, Разно
2,063
Еден брачен пар одлучил да оди на зимување во северните делови. Поради работни обврски, мажот тргнал еден ден порано од неговата жена. Кога стигнал во хотелот го извадил лаптопот и почнал да и пише маил на својата жена. Но, во емаил адресата пропуштил една буква па емаилот стигнал до некоја вдовица која баш тој ден го закопала својот маж.
Вдовицата вечерта седнала да си ја провери својата емаил пошта, да прочита некое сочуство од своите пријатели и познаници… После некое време во собата влегол синот и што ќе види…. Мајка му лежи на подот.
Неговиот поглед паѓа во мониторот каде што пишува:
To: мојата осамена женичка
From: нејзиниот најмил маж
Најдрага моја, стигнав. Се е спремно овде за твоето утрешно доаѓање! Ти посакувам убав и среќен пат.
Со љубов, твојот најсакан маж!
П.С. Облечи се добро, овде горе е премногу ладно!!!
KALIN
09/03/2012
Си биле...
24,157
Си биле Македонец и Aлбанец се натпреварувале кој повеќе го знаел англискиот јазик.
Прв бил Албанецот и рекол:
– Where are you from? Ај преведи.
Македонeцот:
– Од каде си?
Албанецот:
– Ајде сега ти македонче.
Македонецот:
– Преведи ми I dont know.
Албанецот:
– Јас незнам…
Македонецот:
– Eпа што се курчиш со мене, гледаш немаш везе од англискиот.
dzeremi
08/03/2012
Виц на денот, Личности
6,680
Трпана го среќава Трпе утрото на 8ми март со букет преубаво цвеќе во рака, па целата насмеана го прашува:
– Драги, колку убаво цвеќе. За мене ли е?
Трпе и одговара:
– Ма не, тоа е за секретарката.
Трпана на тоа почнала да се лути и да вреска:
– Свињо една одвратна, неа цвеќе, а мене курац!!!
Трпе ладнокрвно на тоа и одговорил:
– Е добро бе, го сакаш ти цвеќето?
LoveBeyonce
08/03/2012
Личности
3,343
Оди Цветко во ресторан и го гледа чаршавот дека е со дамки и трошки. Го викнал келнерот и го прашал:
– На колку време ги менувате чаршавите?
А келнерот му одговорил:
– Не знам, овде работам само 3 месеци.
eva
07/03/2012
Виц на денот, Плавуши
11,069
Полицаец застанува плавуша и и вели:
– Возачката, ве молам.
– Немам господине.
– Тогаш ќе те казнам тебе.
И полицаецот и пишува казна, а плавушата му вика:
– Ама господине, не носам пари.
– Тогаш најпаметно е да се договориме некако.
– Е што ќе се договориме паметно, јас плавуша ти полицаец.
mile
07/03/2012
Разно
9,507
Две деца седаат пред болница. Едното плаче многу гласно, а другото го прашува:
– Зошто плачеш?
– Дојдов за крвен тест.
– И? Се плашиш ли?
– Не. На тестот ми го пресекоа прстот!
Откако го слушнало ова, и другото дете почнало да плаче.
– А сега ти зошто почна плачеш?
– Јас дојдов по тест на урината!
Адријан
07/03/2012
Личности
704
Трпе: Среќен 8-ми март!
Трпана: И на тебе!
jocka
06/03/2012
Виц на денот, Разно
468
Вечер ќе отиду у кафану и ќе се направу МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВАЦ!!!
Кузман
05/03/2012
Полицајски
1,234
Командирот ги собира полицајците и им дава задача:
– Утре, во 11:48 сите да се нацртате на плоштад, оние со дигитални саати: два пендреци, свртено столче и снешко.
Берберот
05/03/2012
Виц на денот, Лудница
16,371
Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува:
– Што пишуваш?
– Љубовно писмо.
– На кого?
– На сам себе.
– И што пишува во него?
– Немам поима, сеуште не сум го добил.
yOx1MZT
04/03/2012
Личности
432
Трпе го прашува синот:
– Сине, играш ли кошарка?
– Да да.
– Дали даваш од тројки?
– Да, да
– Безкоски ги даваш?
– Не, туку бунари.