Мујо и Хасо остареле и си седеле пред куќата и Мујо му вика на Хасо:
– Си за сладолед? Јас ќе земам чоколаден, ти?
– Со ванила. И те молам, запиши, стари сме, забораваме.
– Какво заборавање, травиката е зад аголот.
По некое време Мујо доаѓа со два сендвичи со виршла. Хасо го гледа и го прашува:
– А сенф?
– Леле, заборавив.
– Ете, а ти реков, запиши си, се заборава.
Риба
Светла точка
Шалтери
Кумановец
Македонска фудбалска репрезентација
Работа
Си бил малиот Трпе и наставничката го прашува пред целиот клас:
– Трпе, што работи твојот татко?
– Мојот татко работи во стриптиз клуб за чичковци, па понекогаш е и приморен да се проституира со истите, но сепак… тоа е тоа и мора да заработи некој денар…
Шокирана од оваа вест, наставничката му вели да остане после часот да поразговараат.
– Трпе, навистина ли татко ти го работи ова? – Зачудено прашува наставничката.
На тоа Трпе одговара:
– Не наставничке, само срам ми беше пред цел клас да кажам дека игра фудбал за репрезентација.
Предизвик
Фејсбук
Статус
Бордел
Лажење
Исто
Во некое село некоја баба чувала 2000 овци. Дошла некоја репортерка да и направи интервју:
– Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци?
– Ќерко, цел живот чувам овци, сум се навикнала.
– А бабо, колку ви тежи една овца?
Бабата вратила со прашање:
– Црната или белата?
– Па да речеме белата.
– 30 килограми.
Новинарката љубопитно прашала:
– А црната?
– Па исто.
– Добро, а колку млеко дава една овца?
– Црната или белата?
– Да речеме, црната!
– Па 2 литри млеко.
– А белата?
– Па исто.
– А колку волна добивате од една овца?
– Црна или бела?
– Бела!
– 3 кила волна.
– А од црната?
– Па исто.
Новинарката видно се изнервирала и сакала да ја зезна бабата, па ја прашала:
– А бабо, која е разликата помеѓу црните и белите овци?
На тоа бабата одговорила:
– Па белите се мои.
– А црните?
– Па исто!
Виц на годината (2012)