Se7en
26/02/2012
Сличности/Разлики
825
Која е разликата меѓу плавуша и мачка?
– Мачката има седум животи, а плавуша може седум пати.
Јовица Т
25/02/2012
Личности
977
Го пратиле Цветко да фарба прозори. Кога ја завршил работата ги прашал газдите:
– Треба ли да ги офарбам и рамките?
Savas
25/02/2012
Виц на денот, Личности
8,105
Влага Трпе мртов пијан во кафана и се дере:
– Среќна Нова година!
Некој од страна му дофрлил:
– Каква Нова година во сред февруари бе?
– Февруари? Леле, Трпана ќе ме утепа, никогаш не сум се вратил толку касно дома.
Hristijan Tasev
24/02/2012
Виц на денот, Личности
6,711
Мујо се враќа од доктор и го сретнува Хасо:
– Што има ново?
– Ништо, бев на доктор.
– И што ти рече?
– 200 евра.
– Абе не прашувам тоа, него што имаш?
– 50 евра.
– Аман бе, те прашувам што ти фали!
– 150 евра.
TT
24/02/2012
Личности
7,437
Влага Цветко во аптека:
– Пет пакетчиња кондоми!
А аптекарката го прашува:
– Сакате ли кеса?
– Нема потреба, девојката е многу убава.
Bazhe Aleksovski
22/02/2012
Еротски
9,686
Се возат четворица другари во кола. Застануваат и им се мести една проститутка.
Дечкото од совозачко седиште прашува: Колку бараш женска?
– Пааа…. Однапред 50 евра, а од назад 100 евра.
Тогаш еден од оние на задното седиште вика:
– Е зошто за нас поскапо?
Tiho
21/02/2012
Виц на денот, Личности
972
Трпе и Трпана ги фатило финансиска криза и Трпе и вика на Трпана:
– Трпано, a да научиш да готвиш, па да ја отпуштиме готвачката, она многу пари зема.
– Подобро е ти да научиш да ебеш, па да го отпуштиме градинарот.
Тони
21/02/2012
Личности
5,832
Трпе му вика на Цветко:
– Ми ги украдоа сите кредитни картички!
– Аман бе? Пријави ли во полиција?
– Не, а не ни планирам.
– Зошто?
– Па оној што ми ги украл троши помалку пари од Трпана.
Колишев
19/02/2012
Виц на денот, Личности
6,330
Цветко се јавува во полиција:
– Ало, полиција?!
– Да, кажете.
– Две девојки се тепаат за мене!
– Епа што има тука лошо во тоа?
– Па ружната победува!
ТТ
19/02/2012
Личности
1,500
Трпе и прави муабет на Трпана:
– Што правиш во слободно време?
– Во слободно време сум згодна!
– Гледам дека немаш баш многу слободно време.
Bane
18/02/2012
Виц на денот, Личности
8,945
Трпе видно нервозен влага во кафана со пушка и се дере:
– Кој имал секс со жена ми!?
А од страна некој му дофрлил:
– Ма немаш доволно куршуми.
Александар
17/02/2012
Разно
7,879
Баба влага во автобус и му вика на шоферот:
– Синко, немам пари за карта, може ли да ти дадам јајце?
– Ајде бабо, не е проблем.
Наредните неколку денови се повторувало истото и на шоферот му дошло преку глава и и рекол:
– Ајде бабо, ова последен пат да ти е. Повеќе нема да те примам со јајца.
Следниот ден бабата доаѓа со кокошка во рака и му вика:
– Месечна, синко!
Тања
17/02/2012
Виц на денот, Личности
1,153
Трпе и Трпана се шетаат во центарот на градот и проаѓаат покрај еден ресторан.
– Ау Трпе, колку убаво мириса овде.
А Трпе џентлменски и враќа:
– Сакаш да пројдеме уште еднаш?
Fico
16/02/2012
Личности
762
Трпе, тажен, му се жали на комшијата:
– Ме напушти Трпана… Ми рече дека сум она без кое цвеќињата не можат да живеат, подоцна сфатив дека сум ѓубре.