Касно после полноќ, ѕвони телефонот, а Трпе и вика на Трпана:
– Јави се, ако е за мене, кажи не е тука!
Трпана се јавува на телефонот:
– Ало, да дома е!
Трпе нервозно и вика:
– Глупачо ти реков да не кажуваш дека сум дома!
А Трпана му враќа:
– За мене беше.
Гроб
Кладилничар
Ружи
Државна тајна
Се натпреварувале Македонец, Американец и Русин кој подолго ќе може да зачува државна тајна.
И така прво го мачеле Американецот едно 10 минути и ништо, не издржал, им ја кажал државната тајна. Русинот го тепале 40 мин и на крај им ја кажал тајната.
На крајот Македонецот го тепале, го тепале цел ден тој никако да им ја каже тајната.
Вториот ден го ставиле во некоја соба метар на метар и му ги пуштиле најглупите турбо фолк песни на цел глас, и тоа не успеало, не ја открил тајната.
Третиот ден решиле да му ја честитаат победата, ја отвориле вратата од собата и го гледаат македонецот со прстот на главата како си зборува сам на себе:
– Сети се глупаку! Сети се… ќе те убијат!!!
Богатство
Мујо и Хасо одат во казино. Сакаат заеднички да ги стават парите на рулет, но не можат да се согласат за број.
– Ајде вака, колку пати имаше секс изминатиов месец?
– Шест пати.
– Добро, јас осум. Ставаме на 14.
По вртењето, се добива бројот 2. По долга, мачна тишина Мујо му вика на Хасо:
– Да си бевме искрени, сега ќе бевме богати.
Влакна
Учителката пишува со левата рака на таблата, а малиот Трпе зачудено гледа и одеднаш:
– Учителке па вие немате влакна под левата пазува.
Учителката мирно му вели:
– Трпе, спакувај ги твоите работи и оди си дома, за денес толку.
Утредента, на часот учителката пишува со десната рака и пак Трпе гласно го прокоментирал тоа што учителката нема влакна ни под десната пазува. Тука на учителката и пука филм и му вели да си ги спакува работите и да не доаѓа на училиште цела недела. По недела дена Трпе е пак на училиште.
Во еден момент на учителката и паѓа кредата на подот, таа клекнува да ја земе, а Трпе се наведнува да види каде се отркалала кредата. Потоа веднаш станува и почнува да се пакува.
Учителката го прашува:
– Каде ти, а?
Трпе, мртов-ладен:
– За мене оваа училишна година е завршена.