bla bla
28/01/2012
Виц на денот, Плавуши
4,794
Плавуша носи саат на поправка кај саатчија. Саатчијата ја прашува:
– Што е проблем со саатот?
– Не работи, изгледа батеријата е потрошена.
– Ама овој саат работи на навивање.
Плавушата излегла од дуќанот и почнала:
– ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА…
Saven
27/01/2012
Виц на денот, Личности
3,340
Трпана му се јавува на телефон на Трпе и му се дере:
– Каде си ти идиоте??!!!
– Драга, ти текнува ли на онаа златарата каде ти се заљуби во едно ланче за кое ти реков дека еден ден ќе биде твое?
– Дааааааа, и?
– Е, јас сум сега во кафаната спроти златарата.
T
26/01/2012
Изреки
680
Убавите жени се создадени за мажите кои немаат фантазија.
Tat
26/01/2012
Виц на денот, Разно
1,888
Влегува наркоман во аптека
– Дајте ми го најјакиот опиат!
– Рецепт имате?
– Да имав рецепт сам ќе си го направев!
Aleks
25/01/2012
Виц на денот, Полицајски
6,814
Полицаец сопира некоја госпоѓа која возела брзо:
– Госпоѓо, вашите документи!
– Ве молам не ме казнувајте, јас сум професорка.
А полицаецот и враќа:
– Е долго го чекав овој момент. Ајде сега на лист да напишете 1000 пати: „Никогаш повеќе нема да возам брзо“.
Трпе
24/01/2012
Личности
4,134
Трпе го прашува Цветко:
– Сакаш жени што се нервозни?
– Не.
– А жени кои ‘рчат додека спијат.
– Бог да чува!
– А жени кои се фригидни?
– Не доaѓа в предвид!
– Е па што тогаш и се пушташ на жена ми!?
Цвеле
24/01/2012
Виц на денот, Разно
7,786
На суд:
Девојката: И тогаш тој ме грабна и ме одвлечка зад куќата…
Обвинетиот: Лаже Г-дине судија, лаже!
Девојката: Па почна да ме стиска по целото тело…
Обвинетиот: Лаже Г-дине судија, не и верувајте!
Девојката: Потоа ги раскопча пантолоните…
Обвинетиот: Лаже! Лаже!
Девојката: Па, го извади негивиот од 30 сантима…
Обвинетиот: Е што е вистина, вистина е!
Васко
21/01/2012
Виц на денот, Личности
7,086
Трпе разговара со својот психијатар.
– Жена ми секој ден ми бара по 200-300 евра.
– И што ќе и се толку пари, што прави?
– Не знам, никогаш не сум и дал!
Gjoko
20/01/2012
Виц на денот, Разно
2,775
Двајца комшии ги фатило пролив. Вецињата им биле едно до друго. И така си седеле со денови, кога еден ден се слушнало – “чклуб”.
– Ај комшија, честито!!
– Што честито бе, ми падна вилицата!
Nela
19/01/2012
Плавуши
1,150
Зошто плавуша го остава фрижидерот отворен преку денот?
– За да не и се олади јадењето.
Ftw
19/01/2012
Виц на денот, Личности
1,454
Трпе дава оглас во весник?
– “Ја повикувам мојата жена Трпана да се врати, како би го работеле она што не го работевме, бидејќи да го работевме тоа, она денес не би го работела она што го работи”.
Saven
18/01/2012
Виц на денот, Разно
2,354
Девојката: Не се чуствувам добро денеска.
Дечкото: Штета, a баш мислев да те носам на шопинг.
Девојката: Хаха, јас се шегувам!
Дечкото: Знам, и јас се шегувам.
Ra3
17/01/2012
Виц на денот, Личности
5,345
Имало натпревар во борба на кучиња, и кучето на Цветко се живо исподавило и освоило прво место.
Еден од жирито возбудено го прашува што сорта е ова.
– Е па ова е специјална африканска сорта.
– Ама кучево како да е бричено, зошто си го избричил?
– Е па ако не го избричам го викаат лав!
Ана
17/01/2012
Разно
2,851
Во затвор лежат двајца крадци. Едниот за кражба на часовник, а другиот за кражба на крава. Крадецот на крават решил да се пошегува со крадецот на часовникот и го прашал:
– Колку е часот?
– Немам часовник, ама време е да ја измолзеш кравта!