Дома / Вицови (страна 165)

Вицови

Станица

Некој човек го прашува полицаецот:
– Извинете, знаете како да ја најдам најблиската полиција?
– Ех, тоа е лесно, прашај ме нешто друго!

Олтар

Забележал попот дека постојано му снемуваат пари од олтарот и одлучил да го фати крадецот. Се скрил зад олтарот, после пола час влегува крадецот, приоѓа до олтарот, ги зема парите и ги става во џеб.
– Остави ги парите! – вика попот.
Крадецот цел исплашен:
– Кој е, кој е тоа ?
Попот да го заплаши вика:
-Јас сум Господ!
Крадецот цел среќен:
– Јади гомна стари! Ја мислев дека е попот!

Диџеј

Еден DJ фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла:
– Почекај малку! А трите желби?
Диџејот воздивнал и рекол:
– Добро! Кажи кои песни сакаш!

Риби

Мујо купил аквариум и ставил риби внатре, а Хасо го прашува:
– Мујо, од каде знаеш која риба е женска, а која машка?
– Епа, ако ја изеде храната е машко, а ако ја изела храната тогаш е женско.

Алкохоличари

Цветко ѕвони на телефон:
‎- Ало, дали е тоа советувалиштето за алкохоличари?
– Да, повелете, како можеме да ви помогнеме?
– Ќе може да ми кажете како се прави Мохито?

Сонување

Трпе и вика на Трпана:
– Те сонував драга како шекер, цела ноќ те лижев, уф уф уф..
– Па подобро ќе беше да ме сонуваше како бибер драги, па да ме толчеше цела вечер.

Препишување

Се враќа синот касно од излегување, а мајка му и татко му почнуваат да му викаат:
– Каде си ти досега? Колку е часот? Имаш ли ти куќа?
А синот им одговара:
– Немам, чекам да ми ја препишетe.

Кинеско мачење

Патувајќи пеш низ азискиот континент, Цветко преспивал кај многу различни луѓе. Па така една вечер, во сред пустелија одејќи забележал една куќа каде горело светлото. Бидејќи немал каде да оди, а и веќе било доцна, се решил да праша да преспие таму. Во куќата го пречекал стар кинез, го нагостил, му наместил соба на третиот кат, но за оваа добрина му побарал само едно нешто:
– Не ја допирајте мојата внука.
И Цветко му вика:
– Важи, нема проблем, со моиве пустоловини сум спиел со 1000 жени, секако можам да се воздржам…
Во тој момент ја видел. Тоа била најубавата девојка на светот. И му се насмевнувала. И така Цветко си легнал, и доцна во ноќта таа дошла и легнала до него. Си рекол Цветко, од кај ќе знае старецот, ај ќе си направам ќеф…
Наредното утро се буди Цветко и гледа, на стомакот ставена цигла… на циглата пишува:
– Прв чекор на кинеско мачење: Оваа цигла, содржи доволно експлозив за да те разнесе цел!!!
И се мисли Цветко и смислува… ја фрла циглата од прозор.. Во тој момент забележува на ѕидот од соседната куќа пишува:
– Втор чекор на кинеско мачење: Циглата е врзана за вашето лево јајце!
И сега си вика Цветко:
– Ќе скокам и јас, не можам без јајце да останам, цел живот ќе сум инвалид…
И така скока, кога паѓајќи забележува дека на ѕидот од куќата од стариот кинез, со големи црвени букви испишано:
– Трет чекор на кинеско мачење: Вашето десно јајце е врзано за креветот!

Суши

Седеле двајца другари во ресторан. Доаѓа келнерот и прашува што ќе јадат. Едниот вика суши, келнерот го прашува другиот, а другиот одговара:
– Не, јас со уста ќе си јадам.

Слобода

Доаѓа Трпе дома од работа и ја гледа Трпана во секси долна облека со лисици и му вика:
– Трпе врзи ме со лисиците и прави што сакаш со мене!
Овој ја врзал и си отишол да фаќа риби.

Бубачки

Цветко отишол во земјоделска аптека и побарал спреј против бубачки. Продавачот му рекол:
– Има од 100 денари што убива 1.000 бубачки и од 50 денари што убива 500 бубачки.
Цветко се свртел да замине, а продавачот го прашал:
– Каде одиш?
– Одам да ги избројам бубачките.