За нова година премиерот им испратил честитка на своите политички затвореници:
– За многу години, за многу години!
Желби
Најсвежо
Некој господин редовно одел во истиот хотел со пет ѕвезди и секогаш го служел истиот келнер. Келнерот како и секогаш среден со крпа на раката го послужува:
– Повелете господине?
– Што имате најсвежо денес?
– Незнам господине келнер сум, не работам во кујната.
– Можe крпата малце?
Овој збунет, ама му ја дава. Господинот ја зема ја реди на нос вдишува силно и вика:
– Донеси ми стек.
И му ја враќа крпата. Овој уште по збунет трча во кујната и вика:
– Луѓе, што имаме најсвежо денес?
– Стек!
Другиот ден истата случка:
– Повелете!
– А денес што имате најсвежо?
Овој веќе изнервиран вика:
– Не знам, господине!
– Може малце крпата?
И овој му ја дава овој вдишува силно пак:
– Донеси ми плескавица!
Овој оди во кујна и пак прашува:
– Абе луѓе, плескавица имаме најсвежо?
-ДА.
И веќе преку глава му дошол и решил да го за*бе. Доаѓа господинов следниот ден и келнерот го послужува и овој:
– Може крпата малце?
– Може една минутка да почекате господине ќе се вратам одма.
Овој со трчање кај газдарицата и и вика:
– Пикни ја крпава во гаќите и триј ја силно!
– АААУУУ па ти си луд нема шанси!
– Ве молам ми треба!
И оваа видела невидела ја пикнала крпата ја истила и му ја вратила. Целот среќен оди и му вика на господинот:
– Крпата ја баравте?
И му ја подава. Господинов вдишува силно до последен здив и вика
– ОД КОГА РАБОТИ ТРПАНА КАЈ ВАС?
Сметка
Дропки
Малиот Трпе се враќа од училиште и Трпана го прашува:
– Сине што учевте математика?
А детево и вика:
– Земавме за дропки.
Ама не му било јасно за дропки и ја прашува мајка си дали може да му објасни.
– Имаш една пита и кога ќе ја поделиш на пола што ќе добиеш?
– Една половина!
– Точно, а кога ќе ја поделиш уште на пола?
– Една четвртина!
– Точно, а кога таа пита ќе ја поделиш уште на 125 делови што ќе добиеш?
– Ќе останат само трошки.
Лична карта
Копал Мујо дупка. Копа копа, па ќе влезе во неа да измери па пак продолжува да копа. Дошол Хасо и го прашува:
– Зошто ти е толкава дупка бе Мујо?
– Па треба да се сликам за лична карта, а ми бараат слика на која ќе ми се гледа само главата.
– Аха, па добро со среќа.
Утредента пак го гледа Мујо како копа дупка.
– А зошто ти е пак оваа дупка?
– Па ми бараат две слики!
Жица
Медицинска сестра
Штикли
Оставање
Натпис
Седумка за Динамо
1. Падна „седумка“ во Загреб, а добитникот е ДИНАМО! Честитки од се срце на супер седумката!
2. Како фудбалерите на Динамо бројат до 10? Епа, вака, 1, 2, 3 Ајакс, 5, Реал Мадрид, Лион, 8,9,10…
3. Кој е омилениот пијалак на „Максимир“? (Seven Up).
4. Дали слушнавте дека Динамо го менува своето име од „ФК Динамо“ во “ФК Примамо“.
5. Жената го буди наутро Крунослав Јурчиќ (сега веќе екс-тренер на Динамо):
– Круно, станувај сега ќе биде осум…
– Ауууууу, па да не е повторно Гомис?
– Не бре, мораш да одиш во Завод за вработување.
6. Учителката и Трпе…
Учителката: Трпе, дали ти ја сакаш твојата мајка?
– Не, мајка ми ме тепа.
Учителката: А, дали го сакаш твојот татко?
– Не, и тој ме тепа?
Учителката: Па, кого сакаш ти тогаш?
– Го сакам Динамо, тој никого не „тепа“.