Цветко оди на плажа и го прашува спасителот на плажата:
– Се извинувам, има ли овде медузи, ракови или морски ежови?
– Не грижете се господине, сите ги изеде ајкулата.
Ветеринар
Час
Вонземјани
– Другари, нема да ми верувате, вчера ме киднапираа вонземјани!
– Невозможно, како тоа?!
– Да да, навистина ви велам, на се се сеќавам. Чудни звуци, мала просторија, слаба светлина, копчиња што светат, движење нагоре…
– Абе какви вонземјани, вчера беше пијан како магаре па те качивме дома со лифтот.
Пиење
Цветко им кажува на своите другари како ги лекува болестите:
– За бубрезите пијам пиво. За варењето – бело вино. За низок притисок – црвено вино. За висок притисок – коњак. Кога сум настинат малку чај со многу рум.
– Па добро бре, пиеш ли ти вода?
– Не, сеуште не сум имал болест која се лечи со вода…
Грижи и проблеми
Секретарка
Ролетна
Етика
Вампир
Баба
Кондоми
Бев многу среќен со девојката. Се забавуваме заедно повеќе од една година и на крај решивме да се венчаме. Моите родители, пријателите и блиските ме охрабруваа:
– Таа е сон!
Постоеше само една работа која ме вознемируваше- нејзината 20 годишна сестра која постојано носи тесни сукњички и припиени деколтирани маички. Редовно ја гледав во долна облека кога и да бев кај нив на гости.
Еден ден сестра и ме повика на гости да ги проверам поканите за венчавката. Беше сама дома кога стигнав. Седнав во дневната и таа ми шепна дека отсекогаш ме посакувала, а јас наскоро ќе бидам оженет. Рече дека кон мене има чувства кои не може да ги победи. Јас шокиран не можев да си поверувам што слушам. Ми рече:
– Одам горе во спалната, ако сакаш само дојди, а јас ќе ги исполнам сите твои желби!
Укочен од шок само ја гледав како се качува по скалите, ги соблече гаќичките и ги фрли врз мене. Стоев еден момент, се свртев и побрзав кон излезната врата од куќата. Побрзав кон автомобилот, а во тој момент се појавија мојата вереница и дедото кои трчаа кон мене.
Таа ме гушна и бакна:
– Мил мој, знаев дека си совршен!
А, дедото додаде:
– Овој мал тест ме увери дека ја давам ќерка ми во вистински раце! Честитам! Добре дојде во семејството!
Главната поука на приказната е:
СЕКОГАШ чувајте ги кондомите во автомобилот!