Некој човек се изгубил во пустина, дехидриран и изморен сретнал бедуин и го прашал:
– Каде можам да најдам вода?
А бедуинот му одговорил:
– Одиш во овој правец право и во петок вртиш лево.
Ќеф
Хитлер фатил Американец, Французин и Македонец. Најпрвин му се обратил на Американецот:
– Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
– 4!
– Имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
– 4!
– Не ми правиш ќеф, носете го во гасна комора!
Потоа го прашува Французинот:
– Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
– 6!
– Имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
– 6!
– И ти не ми правиш ќеф, носете го во гасна комора!
На крај му се обратил и на Македонецот:
– Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
– 9!
– Како 9?
– Си носам! – и извадил едно шишенце со ракија.
– Браво, ми правиш ќеф! Овде имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
– 9!
– Како бе 9?
– И ти ми правиш ќеф!
Бебиња
Разговараат две бебиња во породилното одделение, едното машко, другото женско. Машкото му вели на другото:
– Јас сум машко.
– Како знаеш?
– Сега ќе ти покажам, само нека си отиде сестрата.
Во тој миг сестрата излегува од просторијата, а машкото бебе го трга кебенцето од себе, ги крева нозете во вис и вели:
– Имам плави чорапчиња, гледаш?!
Зајче
Само што почнал да зборува малиот Трпе, Трпана му го изнела да го прошета низ золошка. Го прашува таа него:
– Сине, кое е ова животно.
– Зајче.
– Не е зајче сине, жирафа е.
Одат тие понатаму, Трпана пак:
– Сине, а кое е ова животно?
– Зајче.
– Не бе сине, лав е, кралот на животните.
Се доближуваат тие до базенот со делфини, Трпана пак прашува:
– А, сине, што е ова?
– Водно зајче!
Тетоважа
Вампирки
Утакмица
За време на фудбалска утакмица тренерот го тргнува на страна еден од помладите играчи и го прашува:
– Дали ти разбираш што е тимска игра?
– Да.
– Дали разбираш дека кога ќе излезеш на теренот, тимот е важен, а не ти како поединец?
– Да, тренеру.
– Дали разбираш дека кога ќе ти досудат фаул, не викаш и псуеш по судијата?
– Да, тренеру.
– Добро, ај сега оди на трибините и сето ова објасни и го на мајка ти.