Неколку работи што децата ги учат сами:
– Кога мајка ти е лута на татко ти, не и давај да те чешла.
– Ако те удри сестра ти, не ја удирај и ти. Секогаш вториот го јаде стапот.
– Не кивај додека те шишаат.
– Не го оставај кучето да ти ја чува храната.
Забрането капење
Сфаќање
Бугарска пејачка
Клуч за рајот
Наследство
Баба пред умирање му рекла на внучето:
– Сакам да ти ја оставам мојата фарма. Тоа вклучува ниви, вила, трактор, друга опрема и 22 398 750 долари.
Внукот гледајќи се себе си богат вели:
– О, бабо! Колку си добра! Јас дури и не знаев дека имаш фарма… Каде е?
Со последниот здив бабата прошепнала:
– …на Facebook.
Принцеза
Младина
Жени
Си биле наркоман, педофил и садист и си разговарале за тоа кој како ги сака жените.
Наркоманот: Јас сакам жени какво што сакам и виски – 20 години старо и измешано со кокаин.
Педофилот: Јас сакам жени каква што сакам и кока-кола, неколку години стара и малечка.
Садистот: Јас сакам жени какво што сакам и вино – 100 години старо и затворено во темна визба.
Пазар
Една баба оди на пазар, застанува кај тезгата на Цветко и прашува:
– Што е ова?
– Домати.
– Дај ми еден килограм, но секој домат спакувај ми го одделно.
Цветко ги пакува доматите, а бабата пак прашува:
– А ова?
– Пиперки.
– Дај ми еден килограм, но секоја пиперка спакувај ми ја одделно.
Цветко ги пакува пиперките, а бабата пак прашува:
– Што е ова?
Цветко рекол:
– Тоа е леќа, ама не е за продавање.
Вирус
Споредба
Тројца другари разговараат за тоа кој како ја споредува женска му со кола:
Првиот: Женска ми е како Југо – стара ама врши работа.
Вториот: Женска ми е како Лада – увезена од Бугарија и влече многу.
Третиот: Женска ми е како Порше.
Првиот и вториот: Како бе?!?
Третиот: Па така, немам порше и никогаш нема да имам.
Диета
Дебел човек отишол на доктор да побара помош и овој му препорачал строга диета. И држ така човекот диета со денови, му се јаде, му се плаче. А знае дека не смее да јаде како порано. Успеал некако да истурка неколку дена, кога едно попладне почувствувал силна потреба за голема нужда. Во близина немало тоалет, погледнал лево-десно и немал каде, па се пикнал зад една грмушка. Ги турнал панталоните и клекнал. Едно време слуша: ждрак, ждрак, ждрак! Кога ја врти назад главата, што ќе види – неговиот задник пасе трева.