– Имате ли алиби за време на убиството?
– Што е тоа алиби?
– Некој да ве видел тоа време…
– Фала богу, никој!
НЛО
Се спушта НЛО на Тивешкото Езеро, у близина на една викендичка.
На маса седат Трпе и Трпана, и пијат ракија. Доаѓа вонземјанинот и им вика:
– Здраво, јас сум Сигма 8.
А Трпе и вика на Трпана.
– Трпано, тури му една ракија на Сигма 8.
Вонземјанинот ја пие ракијата и пак им вика:
– Поздрав, јас сум Сигма 8.
Трпе пак на Трпана.
– Трпано, де уште една за Сигмата.
И така едно 7-8 пати се напил ракија, и едно време вика:
– Море луѓе, абе јас сум од друга планета бреее!
А Трпе:
– Трпано, не му давај веќе ракија.
Трпезарија
Лек
Заем
Трпе ја среќавал комшивката која била многу убава, но била мажена.
Секогаш кога ќе ја сретнел и велел:
– Леле какво парче си, штом те видам, полудувам.
Еден ден таа застанала и рекла:
– Постојано зборуваш а ништо не превземаш. Донеси ми 1000 евра и работата е завршена.
– Сериозно?!
Трпе не можел да им поверува на своите уши. Наредниот ден отишол кај комшивката, и дал 1000 евра и завршиле работа.
Вечерта кога мажот се вратил од работа прашал:
– Жено, да не помина Трпе денес кај нас?
Жената помислила дека некој ја издал.
– Да, дојде… Зошто?
– Колку пари ти даде?
– 1000 евра.
– Значи многу е поштен Трпе. Вчера дојде кај мене на работа и ми вели: „Комши, дај ми 1000 евра на заем, утре до ручек ќе ти ги вратам.“
Труба
Авио компанија
Исповед
Понуда
Коњ
Си ја вози еден човек запрежната кола кога наеднаш коњот му вели со човечки глас:
– Те молам, да одморам малку.
Човекот се уплашил и прснал да бега. Трчал околу 10 минути, се изморил и седнал да се одмори на сенка под едно дрво. По кратко време до него дотрчува и неговото куче и му вели:
– Ебати коњот, не извади од памет, а?
Пиво
Зборови
Љубов
– Бабо, шо е тоа секс?
– Е ќерко, кога бев млада, копав у нива, и знаеш како е, ратно стање, доаѓа еден млад Германец, ме обљубува и ми остава пари.
– А бабо, шо е тоа групен секс?
– Па после тоа стално доаѓаа неговите другари, ме обљубуваа и ми оставаа пари.
– А бабо, шо е тоа љубов?
– Тоа ќерко го измислија партизаните и комунистите, да не плаќаат…