Дома / Вицови (страна 180)

Вицови

Љубов

Трпана му вика на Трпе:
– Да имав по еден килограм за секоја љубов што сме ја воделе, сега немаше да имам ни грам во мене!
– Земајќи во предвид дека си 140кг, не мислам така.

Рикверц

Две плавуши си разговараат и едната и кажува колку и бил неподнослив и насилен мажот.
– Зошто не му дадеш развод?
– Се обидов да си заминам 10 пати ама не успеав.
– Тој ти забрани?
– Не. Не можев да ја ставам глупата кола во рикверц за да ја извадам од гаража.

Хомофобија

На презентација за хомофобија:
– Хомосексуалноста е присутна кај 450 видови од живите организми. Само еден вид (човечкиот) ја негира и забранува. Ваше е да донесете одлука кој оди против природата.
Тип од публиката:
– Канибализмот е присутен кај 98% видови од сите живи организми. Само еден вид (човечкиот) го негира и забранува.
Ваше е да донесете одлука кој оди против природата.

Тајните на знаењето

– Бронзената доба е период на летните одмори.
– Хемиска реакција е отпор кон учењето хемија.
– Гравитација е нешто гравирано во вселената.
– Магнетно поле е ерогена зона.
– Електрицитет е физичка појава која настанува поради дејството на електричната гитара.
– Законот на пелативност е оној закон со кој е озаконета релативноста на законот.
– Вишокот на вредност е подобра оценка од заслужената.
– Вишок на вредност е, на пример, кога некоја риба ем е многу згодна, ем е многу паметна.
– Сонет е песна чиешто второ полувреме е многу пократко од првото.

Циркус

Што е циркус?
– Место каде што коњи, слонови и жирафи можат да гледаат мажи, жени и деца како се однесуваат како будали.

Шампон

Зошто плавуша става шампон во супата?
– Бидејќи на него пишува дека е свеж лимон.

Автомобил

Евреин доаѓа во продавница за автомобили и го прашува продавачот:
– Колку чини овој автомобил?
– 15000 евра – одговара продавачот.
– А колку троши?
– 10 литра на 100 километри.
– Многу скапо! А колку чини овој овде?
– 5000 евра и троши 7 литра на 100 километри.
– И тој е скап, а колку чини овој?
– 2000 евра, одговара изнервирано продавачот…
– А колку троши?
На продавачот му здодеал евреинот и рекол:
– Една лажичка на 100 километри
Евреинот:
– Лажичка за супа или за кафе?

Питагорова

Како гласи питагорова теорема за недвижнини?
– Квадратот во центар е еднаков на збирот на два квадрата на периферијата на градот.

Среќен живот

Еднаш многу одамна си живееше еден дечко кој ја запросил девојката:
– Ќе се омажиш за мене?
– Не!
И така дечкото си живееше среќно до крајот на животот гледајќи фудбал и пиејќи пиво кога и да посака!

Прашања и одговори

Прашања:
1. На што се фаќа зимскиот цар?
2. Каде се откриени најголемите лежишта на природен гас во нашата земја?
3. Како од слон да не добиете кивавица?
4. Кои се нашите најпопуларни автори?

Одговори:
1. На зимска царица.
2. Во гравот.
3. Така што сурлата ќе му ја врзете во јазол.
4. Народен лекар и Мој готвач.

Вулканизер

Однел еден скржавец кондом кај вулканизер. Овој нервозно го прашува:
– Добро бе, чоек, колку пати ќе го лепиме?
А стиснатиот:
– Ама не, го донесов на балансирање. Ми занесува на една страна!

Теретана

Господин во години влегува во теретана. Вежба некое време и тогаш забележува исклучително згодна млада жена како влегува во салата. Тој го повикува тренерот и го прашува:
– На која справа би требало да одам за да можам да ја импресионирам оваа убавица?
Тренерот го одмерува од глава до петици и одговара:
– Хм, обидете се со банкоматот во претсобјето!