Дома / Вицови (страна 187)

Вицови

Пензионер

Македонија – земја во која подобро е да си пензионер, отколку вработен.

Музика

Си дошол Трпе од школо и за релаксација дома го уклучил компјутерот и со музика до даска. Мајка му му вели:
– Трпе намалија музиката.
– Зошто, мамо?
– За комшијата да не слуша без пари.

Семе

Оди црногорец во Белград, седнува во едно кафуле и нарачува кафе. Со кафето му носат и лажичка. Тој се чуди што е тоа,погледнува лево десно да не има некого и лажичката в џеб. Се враќа во Црна Гора и оди кај татко му и го прашува:
– Тато што е ова?
А тој штом го видел веднаш почнал да вика:
– Бегај со тоа, носи го од дома, носи го од државата…Тоа ти е несреќнику СЕМЕ ОД ЛОПАТА.

Пекара

Полицаец фаќа крадец. Немоќниот крадец го прашува полицаецот:
– Може ли да одам до пекарата, ќе умрам од глад?
– Оди ама веднаш да се вратиш.
Полицаецот го пушта, крадецот бега и не се враќа. Наредниот ден полицаецот го фаќа истиот крадец. Крадецот му вели:
– Ај те молам пушти ме до пекарата, ќе умрам од глад.
– Да бе, не сум јас од вчера, ти седи тука јас ќе одам да ти купам.

Полжави

Два полжави се шетале по улица и едниот му рекол на другиот:
– Ајде да одиме во кино!
– Ајде. Што игра следната година?

Споредба

П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

Пази куче

Оди Мујо на гости кај Хасо и гледа на вратата пишува: Пази куче!
Мујо од страв оди полека да не го осети кучето и ѕвони на врата. Хасо отвара и му вика:
– Што си се исплашил бе Мујо?
– Епа пишува пази куче на вратата.
А Хасо му го покажува малото кученце:
– Пази куче пишува да не го згазиш кучево!

Волшебни прозори

Имало ресторан на 100ти спрат на некоја зграда. Пијан човек сакал да ги убеди гостите дека прозорите се волшебни и ако скокнат низ нив нема да паднат. Гостите не му верувале, човекот скокнал и лебдел. Гостите не чекале, веднаш скокнале и тие и паднале. Тогаш келнерот се обратил накај пијаниот човек и му рекол:
– Навистина си идиот кога си пијан, Супермен!

Кино

Плавуша излегува од кино и се смее на глас. До неа се доближува еден маж и ја прашува:
– Со среќен крај ли беше филмот?
– Не, со Бред Пит!

Јадење

Во едно училиште учеле две другарчиња, едното богато другото сиромашно. Еден ден богатото го прашува сиромашното:
– Абе што јадеше ти вчера?
– Грав.
– Добро јас јадев ќебапи.
Така неколку дена го прашувало, детето одговарало грав, а богатото му велело дека јадел ќебапи. Сиромашното отишло дома и му кажува на таткото:
– Тато дај бе купи ми ќебапи да видам што е тоа, едно другарче секој ден ме прашува што сум јадел, јас му викам грав, а тоа ми вика дека јадело ќебапи.
И таткото му вика:
– Сине па од каде тој знае што си јадел. Кажи му ќебапи јадев и готово.
И утредента ова сиромашново да се пофали и прво го прашува:
– Абе што јадеше ти вчера?
И богатото му вели:
– Ќебапи, а ти?
-И јас ќебапи.
– Навистина? И колку изеде?
– Една црпка. – одговорило сиромашното.

Пара

Две комшивки оговараат:
– Не ми се верува дека се земала со тој старец!
– Драга, кога ја земаш парата, не гледаш која година е штампана.

Роден

Трпе го носи син му во некое атеље и му вика на уметникот:
– Еве ти го! Научи го да слика!
– Ама господине, тоа не е така лесно. Треба да сте роден за тоа.
– Па еве го бе, не гледаш? Роден е!

Работа

Трпе и вели на Трпана:
– Жал ми е веќе да те гледам, цел ден работиш и се мачиш… ај затвори ја вратата од кујната!