Дома / Вицови (страна 188)

Вицови

Криза и анализа

По појавувањето на економската криза во 2008 во САД, еден врвен американски аналитичар по само два месеци излегол со дијагноза за кризата, и со можни идни перспективи. Неговото истражување покажало дека САД веќе не може да се носи со Кина за производство на електроника, не може да се носи со Индија за производство на текстил, не може да се носи за производство на тешка машинерија со Германија, па единствен начин да им се спаси економијата е со производство и со масовна потрошувачка на она во што САД се најдобри: пиво и курви!
По една година откако дојде кризата и кај нас во Македонија, познат македонски аналитичар излегол по две недели со негово видување:
– Резултатите од американското истражување ви се познати на сите, само кај нас пивото е од Чешка, а курвите ни се од Украина. Епа честито!

Специјализација

Македонски курви отишле на специјализација во Франција. По две недели сите се вратиле освен Стојанка. Макрото ги запрашал:
– Каде ви е Стојанка, бре?
– Мораше повторно да полага, падна на усно!

Завивање

Затруднела Трпана и со Трпе отишле кај лекар да ги советува како да водат секс следните девет месеци. Тој им рекол:
– Првите три месеци ќе имате секс на вообичаен начин, вторите три месеци на кучешки начин, а последните три месеци на волчји начин.
– А бе, докторе, ајде првите два начини се во ред, ама каков е тој секс на волчји начин?
– Е, па ќе седнеш кај дупката и ќе завиваш.

Белегзија

Трпана му вика на Трпе:
– Миличок да си купам златна белегзија?
– А, не, не, не доаѓа во предвид!
– Ама, сакам да си купам златна белегзија!
– Доста ма, ти реков не доаѓа во предвид!
– Ама, јас навистина сакам…
– Е, па еби се, кога си решила!
– Е, тоа всушност и сакав да го чујам!

Гласање

Груевски, Саркози и Берлускони патуваат со авион и пилотот им вика:
– Ни снема гориво, но имаме само еден падобран, како ќе успееме.
– Ајде да гласаме! – вели Груевски.
Сите се согласаат! Гласаат и победува Груевски. Си го зема падобранот, и се фрла.
Берлускони му се врти на Саркози и му вели:
– Како освои 40 гласови, а ние сме само 3 луѓе?

Сладолед

Оди Цветко во слаткарница и келнерката му вика:
– Повелете.
– Имате сладолед?
– Да!
– Од што?
– Од се!
– Епа дајте ми 3 топки од се!

Комарец

Маж и жена воделе љубов и одеднаш еден комарец и влегол на жената меѓу нозете. Веднаш отишле на доктор.
– Ништо страшно, рекол докторот. Јас ќе си го намачкам со специјален леплив крем, ќе го ставам еднаш и комарецот ќе се залепи. Така медицината ги решава овие проблеми.
Го ставил еднаш, го извадил – нема ништо. Уште еднаш – пак ништо. Почнал да го става и да го вади. Мажот вознемирено запрашал:
– Е,е… што правиш?
Докторот:
– Јас можеби нема да го извадам комарецот, ама ќе го смачкам!

Навивач

Починал навивач на Пелистер (чкембар) и отишол кај Св. Петар:
– Ти за во рајот или за во пеколот си?
Па во рајот! – одговорил чкембарот.
– Таму одат само храбрите. – рекол Св. Петар.
– Па јас сум храбар.
– Што храбро си направил?
– Отидов на запад и кажав Пелистер Шампион.
– Кога тоа?
– Па пред 5 минути.

Продавач

Во дукан за сваштарија се барало продавач и на тој оглас се пријавил човек што грнкал.
– Добар ден јас дојдов за работа – рекол човекот
– Ајде да видиме како работиш па за една недела ке те известиме – рекол газдата на дуканот
После една недела оди газдата во дуканот и кога што да види овој продавачот продал многу работи направил многу пари и му вели:
– Како бре направи толку пари?
– Епа дојде еден човек и купи трска – рекол продавачот
– Е само од една трска ли се прават толку пари – прашал газдата
– Епа јас му викам што ќе ти е таа трска, ако немаш чамец со трската ли ќе идеш до сред езеро и му продадов му и чамец и викам е со што ќе го носиш чамецот и продадов му и кола и викам а што чамецо у колата ли ќе го ставиш и му продадив и приколица.
– Еее, браво, човекот дошол за трска, а ти си му продал и чамец и кола и приколка! – вика газдата
– Аааа не, он дојде да купи улошки за жена му!
– Е како улушки и трска? Како може така… – зачудил се газдата
– Епа јас му викам што ќе правиш овој викенд, ни можеш да ја онадиш ни ништо, ајде оди на риболов.

Сакање

Разговараат црнка, црвенокоса и русокоса:
Црнката: – Ех, што сакам да бидам јаболко па да ме милуваат, да ме гризат… да ме гризат… се додека не свршам!
Црвенокосата: – Ех, што сакам да сум сладолед, па да ме лижат, да ме лижат… се додека не свршам!
Русокосата: – Ех, што сакам да сум грамофонска плоча, па да ме вртат, да ме вртат… а кога ќе свршам да ме свртат од другата страна па повторно да ме вртат додека не свршам… и повремено да сменат игличка.

Наталитет

Македонска делегација оди во Кина да се информира за начините за регулирање на наталитетот.
– Добро бе, како го регулирате наталитетот во државава?
– Па кога селаните ќе се наведнат да собираат ориз, јајцата им висат од сукњичките (здолништата: кинеска народна носија), и со две тули им ги столчуваме!
– Па, нели тоа боли?!
– Како не, особено ако си ги потфатиш прстите!