Кризата обиколувајќи го целиот свет, стигнала до Македонија и рекла:
– Каде и да одиш, дома си е дома!
Предизборна кампања
Министерот за финансии и премиерот се шетаат низ еден град во една далечна безимена држава за време на предизборна кампања и доаѓаат до една градинка.
Воспитувачката им се жали како нема услови во градинката, треба да им се обнови игралиштето, да им се подобри храната и сл…
Премиерот се врти кон министерот за финансии и му вели:
– Дај 200 000 евра за нашата младина.
Продолжиле со прошетката и доаѓаат до еден затвор. И таму шефот на затворот почнал да се жали за тоа како немаат кревети, туш кабини, и сл…
Премиерот повторно се врти кон министерот и му вели:
– Дај му 2 милиони евра.
Кога излегле од затворот министерот го прашува премиерот:
– Премиере, зошто на нашата младина им дадовме 200 000 евра а на криминалците 2 милиони евра?
– Што мислиш ти, после изборите каде ќе завршиме, во градинка или во затвор!?
Ништо
Сметка
Крштевка
Кајче
Скопјанец изнервиран што Охиганец му продал дупнато кајче, седи на тротоар. Мине Охриганецот и му вели:
– Шо ти е бе?
А Скопјанецот вели:
– Како не те е срам бе, најдобри другари ти кајчето шо ми го продаде целото вода пушта будало една!
А Охриганецот налутено на тоа одговара:
– Вода пушча,а ти шо сакаш море за тие пари, сакаш вино да ти пушча?
Чадор
Пакет
Негација
Кашкавал
Фоторепортер
Еден фоторепортер добил задача да го сними шумскиот пожар кој беснеел на блиската планина. Бидејќи сакал да направи добри фотки, тој тргнал кон аеродромот, таму видел мало авионче, се втурнал во него и му рекол на пилотот:
– Бргу, летај над пожарот.
Пилотот се зачудил, но послушал. Кога биле точно над местото каде што бил пожарот бил најразгорен, пилотот прашал:
– А нели е тука малку опасно?
– Опасност е моето второ име. Јас сум најдобриот и најавантуристичкиот фоторепортер на светот.
– Чекајте, чекајте… Сакате да кажете дека вие не сте новиот инструктор по летање?