Дома / Вицови (страна 190)

Вицови

Ништо

Отишле Трпе и Трпана кај бабата и дедото на гости и бабата почнала да спрема нешто за јадење.
– Немој бабо не сум за ништо. – и рекол Трпе.
– Знам зете дека не си за ништо, ама барем јади нешто!

Боксер

Натпревар во бокс, едниот боксер нокаудиран и судијата одбројува дали ќе стане, а од публика се слуша еден глас од стара баба:
– Нема да стане, го знам јас од автобус.

Гола

Си биле Трпе и Трпана и си живееле добро, но имало еден голем проблем. Трпе никако не сакал да легне со Трпана.
Еднаш тие отишле во хотел и Трпана решила да се соблече гола пред Трпе белким ќе го привлече…
Излегла таа пред него и ги соблекла алиштата, а Трпе и рекол:
– Де бе срце, зошто не кажа дека ќе се пресоблакаш да се свртев на другата страна…

Замена

Седи плавуша во автобус, и приоѓа една баба и и вика:
– Девојко, дали сакаш да се замениме?
– Што? Јас да бидам баба?

Склекови

Си бил еден пијаница. Едно утро налетал на човек што правел склекови во паркот. Пијаницава застанал, почнал да се врти околу него, го гледа од сите страни, и на крајот не додржал, му рекол:
– Дечко, не ти се мешам во врската, ама мислам дека девојката ти киднала!

Преживеани

Се случува несреќа на брод, единствени преживеани се Јапонец и Црногорец. Седат двајцата во чамец за спасување и Јапонецот прашува:
– Што ќе правиме сега?
А црногорецот одговара:
– Аман бре, вие Јапонците само нешто да правите!

Мезење

Трпе и Трпана отишле кај на Трпана мајката на гости. Бабата ги послужила со мезе и по некое време му вика на Трпе:
– Трпе, мези!
– Мезам, бабо, мезам!
После некое време бабава пак:
– Трпе, мези!
– Мезам, бабо, мезам.
После минута бабава пак:
– Трпе, мези!
– Мезам, бабо, мезам!
А бабата на тоа му враќа:
– Е не мезиш, јајш!

Пијана вожња

Двајца пијани кавадарчани се возат во кола и одеднаш едниот му вика на другиот:
– Ееее врти туа лево, обавезно вртии!
А овој другиот му враќа:
– Шо ја да вртам бе, ти возиш Торко еден, да а ебам мајка ти!