Со гордост може да кажеме дека невработеноста двојно се намали. Причина за тоа е иселувањето на пола од невработените во странство за да работат.
Цртам
Си бил некој сиромав човек кој многу убаво цртал но неможел да вика ц и еден ден дошле родителите на неговата девојка да го прашаат каков човек е за да можат да му ја дадат нивната керка. И таткото прашал:
– Е синко ти што работиш?
А човекот рекол:
– Е дедо јас немам многу пари, но тртам, тртам, многу тртам, тебе и баба има да ве натртам оригинално!
Група
Дупка
Напад
Гледање
Волк
Натприродна сила
Во одделот за интензивна во Скопје секоја недела точно во 11 часот умираат пациентите во ист кревет, без оглед на нивната состојба. Лекарите станаа многу загрижен поради тоа што не можат да ја утврдат причината за смртта на пациентите.
Некои дури претпоставуваат дека се појавува некоја натприодна сила во тоа време. Еден ден, тие одлучиле да се соберат во недела во 11 часот и конечно да дознаат што се случува тоа време во собата. Некои од нив дојдоа со дрвени крстови, бели лукови, со цел да се заштитат од злото.
Кога часовникот означи 11 часот, влегла чистачката во собата, го исклучила системот кој го одржува пациентот во живот, и ја вклучила правосмукалката…
Импотентни
Очекувања
Логика
Се возел Трпе во воз, а спроти него седи еден дечко. Во еден момент дечкото го прашува колку е часот. Трпе го извадил саатот од џебот, погледнал во него и го вратил назад. После некое време дечкото го прашува:
– Извинете, зошто не сакате да ми кажете колку е часот?
– Затоа што ако ти кажам, ти мене ќе ми кажеш фала. Јас ќе ти кажам нема на што. После тоа ќе ме прашаш каде патувам. Јас ќе ти кажам дека одам во родниот град. Ти ќе ме прашаш кој ме чека таму, а јас ќе ти кажам дека имам жена и ќерка. Потоа ќе ме прашаш колку години има ќерка ми, а јас ќе ти одговорам дека има 20. Ќе ме прашаш дали е убава, а јас ќе ти одговорам потврдно. Таква убавица ретко каде можеш да видиш. После ќе сакаш да дојдеш со мене за да ја запознаеш, а јас ќе те одведам во мојот дом. Кога ќе ја видиш веднаш ќе ја запросиш, а ја ќе морам одма да те отерам у пичку материну зашто што ќе ми е зет бе што нема ни саат?! Ете затоа!
Сонце
Изгубени
Во едно село три наставнички го испуштаат автобусот и стопираат. Сопира еден камион и едната наставничка се качува и вели:
– Вози мајсторе!
Овој поаѓа и по патот ја прашува зошто ги оставила колешките, а таа му рекла дека едната е изгубена во просторот и другата во времето…
– Како тоа, не разбирам?
– Па така, таа што е изгубена во просторот е наставничка по географија, таа што е изгубена во времето е наставничка по историја, а јас сум по математика па така си направив една равенка. Подобро 20 сантиметри меѓу нозете, отколку 20 километри под нозете!
Пожар
Врти малиот Трпе на татко си на мобилен и му вели:
– Тато бргу доаѓај дома ни изгоре куќата!
По неколку минути Трпе пристигнува дома и прашува како се случило тоа?!
– Абе тато јас запалив парче хартија и почнав да го гасам но тоа се повеќе се разгоруваше.
– Е како го гасеше ти бе?!
– Па со бензин бе тато…