Дома / Вицови (страна 2)

Вицови

Виледа

Трпе оди со плавуша на кафе и гледа дека масата е прљава, доаѓа келнерот и му вика:
– Ако може една виледа.
Плавушата на тоа додава:
– И за мене исто!

Кондури

Влегува Цветко во продавница за обувки и прашува:
– Извинете, колку пари се кондуриве?
– 24.490 денари.
– Епа дајте ми 100 грама!

Болест

Трпе не се чувствувал добро и отишол на доктур. Доктурот го прегледал и му кажал дека е болен од рак и дека му остануват само неколку месеци живот.
Надвор го чекал неговиот син, Трпе му ја кажал страшната вест и додал:
– Ај сега да одме во кафанта да се натрескаме па кај пукло нека пукне.
Отишле двајцата во кафанта и почнале да џиркат ракија. По едно време се појавил некој пријател на таткото и ги питал зошто џиркат толку ракија.
Трпе му одговорил:
– Доктурот ми кажа оти сум болен од сида и оти ми останават само неколку месеци живот. Затоа пијме.
Кога пријателот си заминал, неговиот син го питал:
– А бе татко, нели рече дека си болен од рак, зашо сега зборуваш за сида?
– За да не а ебат мајка ти од коа ќе умрам…

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во уши.
Бев убеден дека слуша музика, се додека после 20 минути не рече:
– Љубов, може ли јас нешто да кажам?

Алкотест

Цветко го сопира полиција и му вика:
– Господине, ќе мора да правиме алкотест.
Цветко возбудено му враќа:
– Па тоа бе, каков алкохол ќе тестираме?

Состанок

Трпе ги собрал жена му, комшивката и швалерката и им вика:
– Жени, криза е, ќе има отпуштања!

8 март

– Трпе, што ќе ми подариш за 8-март?
– Ништо.
– Можеш барем да ми кажеш дека сум убава…
– Е тоа за 1-ви април Трпано!

Диета

Трпе им се фали на пријателите:
– Трпана беше цел месец на диета.
– Супер! И каков е резултатот?
– 90-60-90!
– Ама како – упорност, среќа, случајност ли е?
– Не, не… – пред, за време и после диетата…

Комшија

– Трпано, дојди тука да те прашам нешто.
– Кажи Трпе?
– Кога комшијата си купи нова кола, ти ме натера и ние да си купиме. Кога комшијата си зеде поголем телевизор, ти ме натера и ние да си купиме. Кажи ми сега што да правиме?
– Зошто? Што направи пак сега тој?
– Е па си зел нова жена…

Затвор

Трпана оди кај Трпе кој се наоѓа во затвор. Потоа оди кај началникот:
– Дали може на маж ми да му најдете некоја полесна работа?
– Госпоѓо, од лепење на марки на писмата нема полесно…
– Чудно, мене ми се пожали дека копа подземен тунел…

Слава

Се прибира ловџија дома мртов пијан. Кучето му помага да си дојде дома, а жена му го пречекува и го прашува:
– Море, колку ракии испи?
– Сааамо тррри…
– Шарко, колку ракии испи овој?
– Ау, ау, ау!
– Уф, а колку пива испи?
– Ауууууууууууууууууууууууууу!

Брачна ноќ

Прва брачна ноќ. Трпе ја вика мајка си во 3 на полноќ:
– Што е проблемот синко?
– Мамо оваа Трпана цел ноќ лежи со раширени нозе, кај да легнам ја?