Дома / Вицови (страна 200)

Вицови

Опасно и неопасно

-Што е тоа мало зелено стои на гранка и е опасно??
– Гавран во зелен мантил со митролез пушка!

Што е тоа мало зелено стои на гранка и не е опасно?
– Истиот гавран во истиот зелен мантил на истата гранка со истиот митролез но без муниција!

Чукање

Комшиите го прашуваат Цветко:
– Каде беше сношти цела ноќ?
– Во женскиот студентски дом!
– И што направи?
– Чукав до утрината!
– Ауу. Ајде раскажи ми во детали!
– Што детално да ти кажам? Чукав, чукав но не ми отворија ниту една врата!

Пилот

Морало да ги пренесат лудаците до друга земја со авион затоа што немало каде да ги носат додека се реновира лудницата и сега во авионот: Влегува еден лудак кај пилотите и им вика Дај бе да го повозам малку авионот.
Пилотот: Како да ти го даам бе, од кај знаеш ти да пилотираш?
Лудакот: Кој не знае бе? И почнал да набројува: ова копче е за тоа, ова е за тоа, она за тоа и уште еден куп други.
Пилотот зачуден и му вика: абе ти стварно си знаел.
Па знам, што ти реков јас, дај сега малку..
Пилотот: Ок ке ти го дадам ама ако ги смириш оние твоите назад оти главата ми потече, цело време развикуваат назад.
Важи му вика лудакот и оди назад и се враќа по две минути а назад штама, ни глас не се слуша.
Пилотот: Добро бе што им направи што замолкнаа наеднаш?
Лудакот: Ехх.. што е лесно, ене им фрлив една топка надвор и сите заминаа да играат фудбал!!!

Црква

Малиот Трпе и Трпана отишле во црква:
– Мамо, мене ми се лоши, ајде да си одиме дома.
– Не може сега, на сред служба сме.
– Ама ми се повраќа!
– Ако ти се повраќа, излези надвор и позади црквата, во грмушка поврати, па врати се.
Излегува Трпе, па после кратко време се враќа. Трпана го прашува:
– Поврати, а? Многу брзо се врати, отиде позади црква како што ти кажав?
– Не бе мамо, не морав позади црква, тука до вратата има една кутија каде пишува “За болните”.

Кампување

Тројца другари одат на кампување и легнуваат да спијат во шаторот еден до друг, наредени како сардини. Сабајлето стануваат и првиот вика:
– Леле дечки, ноќеска сонував дека некој ме работи со рака.
Третиот додава:
– И јас истото го сонував.
Тој во средина пак вика:
– Види чудо, јас пак сонував дека скијам.

Менгеме

Некој автомеханичар се вратил од работа дома порано од вообичаеното и ја начекал жена си со друг маж во кревет. Поцрвенет од лутина, го грабнал швалерот за коса, го довлечкал до гаражата и му го ставил пенисот во менгеме. Швалерот запрепастен почнал да го прашува и моли:
– Нема да ми го сечеш нели??? Кажи ми дека нема да ми го сечеш!!! ТЕ МОЛАМ НЕ МИ ГО СЕЧИ.
– Ти ќе си го исечеш сам, јас само ќе ја запалам гаражата! – одговорил мажот

Анестезија

Пациент прашува анестезиолог:
– Колку за анестезијата?
– 500 евра.
– Не е тоа многу за едно онесвестување?!
– А, не. Онесвестувањето е бесплатно. 500 евра е за да те вратам назад.

Фамилија

Секоја фамилија треба да има по 3 деца. Ако едниот е гение, другите двајца да можат да го издржуваат.