Дома / Вицови (страна 201)

Вицови

Мобилен

Шета детенце со ултра добар и скап мобилен по улица. Го здогледува плавуша и мисли како да му го земе телефонот. Му се приближува и му вика:
-Детенце, ќе ми го дадеш мобилниот?
-Не.
-Ајде бе?
-Неможе.
-Ајде бе, ќе те бацам.
-Ајде.
Плавушата го бацува детето, и му вика:
-Сега ќе ми го дадеш?
-Не.
Се нервира плавушата зошто неможе лесно да му го земе телефонот, оди пак до него и му вика:
-Ај бе дај ми го мобилниот?
-Неможе.
-Ај бе, ќе ти го издудлам еднаш.
-Ајде бе.
Го зима плавушата детево, го носи во грмушка, завршува работа и му вика:
-Сега ќе ми го дадеш мобилниот?
-Не.
Плавушата ифрит нервозна, се нервира што детево ја зафркава, оди накај него и му вика:
-Ај бе дај ми го мобилниот?
-Неможе.
-Ке ти дадам ондека у грмушките.
-Ајде бе!
Детето среќно иде со плавушава, завршува работа, плавушава го прашува:
-Сега ќе ми го дадеш мобилниот?
-Ајде. Пиши, 070…

Прашања

Помогнете му на малиот Трпе да ги одговори прашањата што му ги дала учителката за домашно:
– Каде шумарите одат на пикник?
– Кој е бројот за 192?
– Зошто известувањата за немање струја ги даваат на телевизија?
– Зошто лепакот не се лепи од внатрешноста на шишенцето?
– Зошто нема храна за мачки со вкус на глушец?
– Најстариот брат, дваесетгодишниот, колку години има?

Пуст остров

Поминува патнички брод покрај некој напуштен остров на Тихиот Океан и сите на палубата забележуваат некој човек со голема брада и искината облека како вика, урла по нив на цел глас. Го прашуваат патниците капетанот:
– Капетане, кој е она на островот?
– Стварно не знам, али секоја година кога поминуваме од овде он тотално полудува.

Обетки

На некоја девојка почнале да и се појавуваат зелени кругчиња на внатрешната страна од нејзините бутови. Почекала една недела да се изгубат, ама тие само потемнеле, наместо да се изгубат. Оди таа конечно на лекар и тој почнал да ја прегледува. Ги гледал со лупа, ги притискал кругчињата, направил еден куп тестови и на крај ја прашал:
– Абе, твојот дечко уште носи обетки?
– Да.
– Кажи му дека се позлатени, а не златни.

Развод

Трпе побарал развод со Трпана. Оди Трпе кај судијата и му вели:
-Судијо сакам да се разведам од Трпана, не можам да ја поднесам, сегде шета со мини суќна.
Оди Трпана и судијата и кажува што рекол Трпе и му вели:
– Тој не може да ме поднесе со мини суќна, а јас како го трпев него со мини куре?!

Забрането пливање

Две плавуши седат на кафе и оговараат друга плавуша:
– Слушна ли, се удавила летото на море?
– Како?
– Паднала од кејот во водата.
– Таа нели знаеше да плива?
– Знаеше, ама некој поставил знак забрането пливање.

Бегалци

Си биле тројца лудаци и ги затвориле во една соба каде што нигде немало отвор.
И првиов лудак вика:
– Абе да имаше прозорец јас веднаш ќе избегав.
Вториов лудак рекол:
– Абе да пробам да избегам од WC школката, ама дупката е мала.
И третиов извикал:
– Сега јас ќе пробам да избегам преку клучалкава.
Се засилил и удрил со главата и паднал. Потоа првиов лудак му вели на вториов:
– Леле абе овој се утепа, сигурно стражарот го заборавил клучот!

Упорност

На интервју за полицајци, комисијата прашува еден од кандидатите:
– Колку се два и два?
– Дваесет и два.
– Молам?! Колку се два и два?
– Дваесет и два!
– Ќе го примиме, упорен е.

Кафе

Плавуша оди на кафе. Порачува нормално кафе. Келнерката и го носи, a оваа му вика:
– Извини ама ова кафе мириса на пенис…
Келнерката го зема кафето, му го носи на шанкерот и му вика:
– Гостинката рече дека кафето мириса на пенис…
Шанкерот го мириснал кафето и рекол:
– Кажи и да пие со другата рака…

Тетовчанец

Отишол Тетовчанец да купува автомобил.
– Колку чини овој автомобил?
– 10 000 евра!
– А колку троши?
– 10 литри на 100км.
…- Скапо, а овој колку чини?
– 8 000 евра!
– Колку троши?
– 7 литри на 100км!
– Скапо, а овој малиот?
– 6 000 евра?
– А колку троши?
Продавачот видно изнервиран му одговара:
– Една лажица на 100 км!
– Супена или кафена?