Плавуша оди на кафе. Порачува нормално кафе. Келнерката и го носи, a оваа му вика:
– Извини ама ова кафе мириса на пенис…
Келнерката го зема кафето, му го носи на шанкерот и му вика:
– Гостинката рече дека кафето мириса на пенис…
Шанкерот го мириснал кафето и рекол:
– Кажи и да пие со другата рака…
Тетовчанец
Отишол Тетовчанец да купува автомобил.
– Колку чини овој автомобил?
– 10 000 евра!
– А колку троши?
– 10 литри на 100км.
…- Скапо, а овој колку чини?
– 8 000 евра!
– Колку троши?
– 7 литри на 100км!
– Скапо, а овој малиот?
– 6 000 евра?
– А колку троши?
Продавачот видно изнервиран му одговара:
– Една лажица на 100 км!
– Супена или кафена?
Стари луѓе
Си била една истражувачка екипа која го барала најстариот човек на светот. Кога дошле до едно село тропнале на една врата.
Екипата: Извинете слушнавме дека тука некаде живее најстариот човек на светот.
Домаќинот: Да токму така , горе на брдото има куќичка … таму се наоѓа.
Екипата: Ви благодариме.
Потоа се искачуваат на брдото и влегуваат во куќичката и здогледуваат дедо 110 годишен како плаче и го прашуваат:
Екипата: Дедо зошто плачеш?
Дедото: Ме караше татко ми.
Екипата: Зошто те караше ?
Дедото: Зошто на дедо ми не сум му купил цигари.
Паметна плавуша
Се возеле двајца дечки во автобус, па и викаат на една згодна плавуша:
– Мала, ај покажи ни го папокот, ќе ти дадеме 50 евра.
– Дајте ми вие 100 евра ќе ви покажам и кај ми е оперирано слепото црево.
– Еве ти ги парите, ајде сега соблекувај се!
Автобусот застанал на автобуската станица кај болницата, а таа им вели:
– Ја гледате зградана десно…
– Ја гледаме.
– Епа таму ме оперираа од слепо црево…